Posts in Announcement

Изјава во врска со злонамерни е-поштенски напади против волонтерите на OTW

Од 3 мај, OTW (Организацијата за трансформативни дела) – непрофитната организација зад Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива), Фанлор и други проекти – се справува со напади насочени кон организацијата и нејзините волонтери. Сакавме да споделиме со Вас дел од она што се случува, како и она што го правиме за да го запреме тоа и како тоа може да влијае на времето на нашите одговори на Вашите прашања и воопшто на нашата работа. Пред сѐ, сакаме да Ве замолиме за трпение, бидејќи ова е комплициран период за сите нас во OTW. Непознат напаѓач испраќа заканувачки пораки преку е-пошта со нелегален материјал… Read more

Кампања за членство, октомври 2020: Ви благодариме за поддршката

Втората кампања за членство на OTW (Организација за трансформативни дела) за оваа година заврши и со задоволство можеме да кажеме дека иако не ја постигнавме нашата цел од 5.000 нови членови, регистриравме вкупно 2.660 членства од 69 држави, со што во овој период собравме вкупно 89.688,51 USD.

Кампања за членство, октомври 2020: Растеме заедно

OTW (Организација за трансформативни дела) ја замислија, изградија и дизајнираа корисниците на нашите услуги. Тоа е она што нѐ прави уникатни! Дали тоа се адвокатите, системските администатори и другите волонтери кои ги одржуваат нашите проекти; донаторите чија даржливост ја гарантира нашата финансиска состојба; или писателите, уметниците и другите придонесувачи чија напорна работа е пристутна на Фанлор, Transformative Works and Cultures – TWC (Трансформативни дела и култури) и Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива), ништо од тоа што го правиме не би било можно без времето, љубовта и посветеноста на индивидуалните фанови. Посилни сме заедно отколку разделени. Затоа денес Ве замолуваме да размислите… Read more

OTW Финансии: Ажуриран буџет за 2020

Во текот на 2020, тимот за финансии на OTW (Организација за трансформативни дела) продолжи да ги разгледува финансиските трансакции за да ја провери нивната точност и комплетност. Дополнителните задачи вклучуваа плаќање на сметките, завршување на ревизијата на финансиите за 2019 и осигурување дека се запазени стандардните сметководни процедури. Во меѓувреме, тимот исто така вредно работеше да го ажурира буџетот за 2020 и со гордост го претставува тука! (проверете го Excel документот за буџетот за 2020 доколку сакате подетални информации):

OTW Финансии: Буџет за 2020

Во текот на 2019, тимот за финансии на OTW (Организација за трансформативни дела) работеше во позадина да се погрижи сите сметки на организацијата да се платени, даноците – поднесени и стандардните сметководствени процедури исполнети. Припремите за финансиските извештаи и ревидирирањето за 2019 се моментално во тек! Во меѓувреме, тимот исто така вредно работеше да ги исполни потребите на OTW за 2020, па така горди сме да ви го претставиме буџетот за оваа година (проверете го Excel документот за буџетот за 2020 доколку сакате подетални информации):