Нашата мисија
OTW (Организација за трансформативни дела) е непрофитна организација основана од фанови за да им служи на интересите на истите, овозможувајќи пристап до и зачувување на историјата на фан-делата и фан-културите во сите различни форми. Ние веруваме дека фан-делата се трансформативни и дека трансформативните дела се легитимни.
OTW претставува пракса на трансформативни фан-дела кои историски гледано имаат корени во една примарно женска култура. OTW ќе ги зачува записите на таа историја во текот на извршувањето на нашата мисија, а истовремено ќе поттикне нови и неконформистички изрази на културолошките идентитети во фандомите.
Нашата визија
Ние замислуваме иднина во која сите фановски дела ќе се препознати како легални и трансформативни и ќе се прифатени како легитимна креативна активност. Ние сме проактивни и иновативни во заштитата и одбраната на нашата работа од комерцијална експлоатација и правни предизвици. Ја одржуваме нашата фановска економија, вредности и креативно изразување со тоа што ги заштитуваме и згрижуваме нашите колеги-фанови, работа, коментари, историја и идентитет, додека во меѓувреме обезбедуваме најширок можен пристап до фановските активности за сите фанови.
Нашите вредности
- Ги цениме трансформативните фан-дела и иновативните заедниците од кои тие потекнуваат, вклучувајќи ги и медиумите, прозата за вистински личности, анимето, стриповите, музиката и видингот
- Го цениме нашиот идентитет како мнозински женска заедница со богата историја на креативност и коментари.
- Ја цениме нашата волонтерска инфраструктура и фановската економија на подароци која ја препознава и слави вредноста на мноштвото различни активности.
- Целиме да ги направиме фановските активности што е можно подостапни за сите оние кои сакаат да учестуваат во нив.
- Ја цениме бескрајната разноликост во бескрајни комбинации. Ги цениме сите фанови кои се вклучени во трансформативни дела: сите фанови без разлика на раса, род, култура, сексуален идентитет или способност. Го цениме непопреченото проширување и размена на фановски идеи и култури, а истовремено ја избегнуваме хомогенизацијата и централизацијата на фандомите.
Нашите цели
Почнувајќи од 2007, OTW ги постави темелите на бујна и креативна организација преку:
- Воспоставувањето на OTW како непрофитна организација призната од IRS.
- Создавањето на инфраструктура за OTW преку воспоставување на управен одбор и создавање на комисии, барање на членства и донации, создавање на сојузништва и одржување на избори.
- Поттикнување на интеракција и залагање меѓу заедниците преку веб-страницата на OTW и ширум онлајн и офлајн местата каде се собираат фановите.
- Дизајнирање, програмирање и отворање на Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива), веб-архива за хостирање на трансформативни фан-дела.
- Разгледување на начини да се олесни пристапот до фан-делата.
- Воспоставување на проект за правно застапување и формирање на сојузништва за да се заштитат фан-делата од правни предизвици.
- Создавање на фан-вики за зачување на историјата на трансформативните фан-дела и фандомите од кои тие потекнале.
- Воспоставување на рецензирано академско списание за промовирање на изучувањето на фан-делата и фан-практиките.
- Развивање на долгорочен план за организацијата.
- Отпочнување на дополнителни проекти поврзани со трансформативните фандоми, како зачувување на фановската историја и фан-делата, градење и одржување на инфраструктурата за фановите и поддржување на академското изучување на фандомите.