Posts by Retired Personnel

Временска рамка за изборите на OTW и краен рок за членство за 2022 година

Комисијата за избори на OTW со задоволство Ве известува дека ја објавивме временската рамка за изборите за нови членови на Управниот одбор во 2022 година! Оваа година изборите ќе се одржат од 12-15 август. Тоа значи дека крајниот рок за членовите на персоналот да ја објават својата кандидатура е 17 јуни. Како и обично, крајниот рок за членство е 30 јуни. Доколку сакате да гласате, Ве молиме осигурајте се дека Вашето членство е активно на тој датум. Ве молиме имајте на ум дека Вашата сметка за донација ќе биде со датум според американско источно време, па така ако Вашата донација е запишана по 19:59 на… Read more

Кампања за членство октомври 2021: Ви благодариме за поддршката

Октомвриската кампања за членство на OTW (Организација за трансформативни дела) само што заврши и со огромно задоволство можеме да кажеме дека вкупно собравме запрепастувачки 195.009,65 USD, далеку надминувајќи ја нашата цел од 40.000 USD. Исто така го зголемивме и нашето членство на 4.786 членови. Ова го овозможи дарежливоста на 6.700 донаторите од 77 држави ширум светот. Како и секогаш, ние сме преблагодарни за нашата глобална заедница. Ви благодариме! Вашата поддршка ни овозможува да продолжиме да работиме во служба на нашата мисија: унапредување на интересите на фановите кои ги застапуваме со тоа што обезбедуваме пристап до и зачувување на историјата на фан-делата и фан-културата во сите… Read more

Кампања за членство 2021: Од фановите, за фановите

OTW (Организација за транформативни дела) е создадена од љубов. Ја создадоа фанови за фановите. Ние сме непрофитна организација и целосно се потпираме на донации: донираното време на нашите волонтери и паричните донации од заедницата на која ѝ служиме. Денес почнува нашата кампања за членство која се одржува двапати годишно, за време на која ги замолуваме оние од Вас кои се во можност да размислат околу тоа финансиски да придонесат за да ја поддржат нашата работа. Можете да прочитате како ги трошиме овие пари во нашиот буџет.

OTW Финансии: Ажуриран буџет за 2021

Во текот на 2021, тимот за финансии на OTW (Организација за трансформативни дела) го продолжи плаќањето на сметките на организацијата, плаќањето на даноците и исполнувањето на стандардните сметководствени процедури. Продолжува припремата за годишната ревизија на финансиските извештаи за 2020! Во меѓувреме, тимот макотрпно работеше на ажурирањето на буџетот за 2021 и сме среќни овде да Ви го презентираме (за подетални информации преземете го деталниот буџет за 2021):

Кампања за членство, октомври 2020: Ви благодариме за поддршката

Втората кампања за членство на OTW (Организација за трансформативни дела) за оваа година заврши и со задоволство можеме да кажеме дека иако не ја постигнавме нашата цел од 5.000 нови членови, регистриравме вкупно 2.660 членства од 69 држави, со што во овој период собравме вкупно 89.688,51 USD.