Transformative Works and Cultures (Трансформативни дела и култури)

Transformative Works and Cultures – TWC (Трансформативни дела и култури) е рецензирано академско списание кое има за цел да го промовира изучувањето на фановските дела и практики. Списанието првпат е објавено на 15-ти септември 2008. Се објавуваат две изданија годишно, едно на 15-ти септември и едно на 15-ти март.

TWC е Gold Open Access публикација на непрофитната OTW (Организација за трансформативни дела) чии авторски права се заштитени под Creative Commons ознака-некомерцијална 4.0 нелокализарана лиценца. TWC е поднесено за индексирање во сите главни академски бази на податоци, каталози со слободен пристап и сервиси како што е Google Scholar.

Ставот на TWC за цитирањето на фан-делата можете да го најдете тука.

За повеќе информации поврзани со TWC, погледнете ги ЧПП на TWC и посетете ја нашата веб-страница и нејзините архиви за линкови до претстојните и поранешни изданија.