OTW Финансии: Буџет за 2020

Во текот на 2019, тимот за финансии на OTW (Организација за трансформативни дела) работеше во позадина да се погрижи сите сметки на организацијата да се платени, даноците – поднесени и стандардните сметководствени процедури исполнети. Припремите за финансиските извештаи и ревидирирањето за 2019 се моментално во тек!

Во меѓувреме, тимот исто така вредно работеше да ги исполни потребите на OTW за 2020, па така горди сме да ви го претставиме буџетот за оваа година (проверете го Excel документот за буџетот за 2020 доколку сакате подетални информации):

Трошоци за 2020

Трошоци по програма: Наша сопствена архива: 79,7%. Отворени врати: 0,1%. Трансформативни дела и култури: 0,3%. Фанлор: 1,1%. Правна поддршка: 0,8%. Поддршка за конвенции: 0,1%. Администрација: 8,5%. Собирање на средства: 9,4%.

Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива)

11.326,91 USD потрошени; 492.087,24 USD останати

  • 11.326,91 USD потрошени досега од вкупно 503.414,15 оваа година, заклучно со 29 февруари 2020.
  • 79,7% од трошоците на OTW одат кон одржување на AO3. Ова го вклучува поголемиот дел на серверските трошоци – и нови набавки и тековна колокација и одржување – алатки за следење на перформансите на веб-страницата и разни лиценци поврзани со системите, како и трошоците посочени подолу (проверете ги сите програмски трошоци).
  • Предвидените трошоци за AO3 за оваа година исто така содржат 100.000,00 USD за хонорарни трошоци за пренесување на пребарувањето на AO3 збирките на Elasticsearch и ажурирање кон Rails 6.
  • Дополнително, трошоците за AO3 прелиминарно вклучуваат планирано значително ажурирање и проширување на серверите од отприлика 255.000,00 USD. Новите податочни сервери би ја прошириле способноста на AO3 да им прикажува страници и резултати од пребарување на корисниците со помалку конекциски проблеми. Старите сервери ќе бидат употребени како меморија за новите. Можно е оваа активност да биде пренасочена за следната година во зависност од разни околности; дополнителни информации ќе дознаете во обновениот буџет кој ќе го објавиме подоцна оваа година.
  • Други трошоци вброени во буџетот вклучуваат 33.000,00 USD за Системски хонорарен работник кој ќе работи на разни OTW проекти, вклучително и AO3.

Фанлор

533,83 USD потршени; 6.484,45 USD останати

  • 533,83 USD потрошени досега од вкупно 7.018,28 USD оваа година, заклучно со 29 февруари 2020.
  • Трошоците на Фанлор се пред сѐ неговиот дел на серверски набавки, одржување и колокациски трошоци, заедно со обновувањето на веб-доменот на Фанлор (проверете ги сите програмски трошоци).

Transformative Works and Cultures – TWC (Трансформативни дела и култури)

331,00 USD потрошениt; 1.500,00 USD останати

  • 331,00 USD потрошени досега од вкупно 1.831,00 USD оваа година, заклучно со 29 февруари 2020.
  • Трошоците на TWC се за хостирањето на веб-страницата на списанието и такси за издавање и складирање (проверете ги сите програмски трошоци).

Open Doors (Отворени врати)

139,66 USD потрошени; 732,17 USD останати

  • 139,66 USD потрошени досега од вкупно 871,83 USD оваа година, заклучно со 29 февруари 2020.
  • Трошоците на Отворени врати се состојат од хостирање, резервни копии и трошоци за домени за увезените архиви на фан-дела (проверете ги сите програмски трошоци).

Legal Advocacy (Правна поддршка)

0,00 USD потрошени; 5.000,00 USD останати

  • 0,00 USD потрошени досега од вкупно 5.000,00 USD оваа година, заклучно со 29 февруари 2020.
  • Трошоците на Правна поддршка се состојат во такси за приложување и патни трошоци за конференции и сослушувања (проверете ги сите програмски трошоци).

Поддршка за конвенции

0,00 USD потрошени; 500,00 USD останати

  • 0,00 USD потрошени досега од вкупно 500,00 USD оваа година, заклучно со 29 февруари 2020.
  • Пресметаните трошоци вклучуваат 100,00 USD за печатење на флаери и 400,00 USD за други активности за поддршка за конвенции во име на OTW (проверете ги сите програмски трошоци).

Собирање на средства

2.891,28 USD потрошени; 56.295,90 USD останати

  • 2.891,28 USD потрошени досега од вкупно 59.187,18 USD оваа година, заклучно со 29 февруари 2020.
  • Нашите трошоци за собирање на средства се состојат од трансакциски такси наплатени од трета странка за обработка на плаќања за секоја донација, купување и испраќање на подароци за благодарност и алатките користени да се хостира базата на податоци за членовите на OTW и да се следи комуникацијата со донатори и потенцијални донатори (проверете ги трошоците за собирање на средства).

Администрација

6.777,87 USD потрошени; 46.879,38 USD останати

Приходи за 2020

OTW приходи: Донации од априлската кампања за членство: 25,0%. Донации од октомвриската кампања за членство: 32,6%. Донации надвор од кампањи: 34,6%. Донации од програми за корпоративно удвојување на донации: 7,4%. Приходи од камати: 0,1%. Авторски хонорари: 0,1%. Други приходи: <0,1%

  • OTW е целосно поддржана од Вашите донации—Ви благодариме за Вашата дарежливост!
  • Го добиваме најголемиот дел од нашите донации секоја година во априлската и октомвриската кампања за донации, кои заедно претставуваат отприлика 58% од нашите приходи за 2020. Исто така добиваме донации преку програмите за коорпоративно удвојување на донации, авторски хонорари, Amazon Smile и PayPal Giving фондот, кој работи со донации од програми како Humble Bundle и eBay for Charity. Доколку сакате да нѐ поддржите додека купувате на тие веб-страници, Ве молиме изберете ја “Organization for Transformative Works” како Вашиот избор за добротворна организација!
  • Со оглед на Вашата дарежливост во претходните години, имаме добра сума на залихи кои планираме да ги чуваме за црни денови. Благодарејќи на ова, можеме да испробаме алтернативни извори за да ги дополниме Вашите донации. Финансискиот тим забележа напредок во потрагата за соодветен инвестициски метод за мали непрофитни организации како OTW и цели да обезбеди ниско-ризично, конзервативно инвестициско портфолио до крајот на 2020.
  • Резервите исто така ни помагаат во годините кога планираме набавки кои се поголеми од вообичаено. Како што спомнавме претходно, имаме планови да го зголемиме капацитетот на серверите на AO3 што значително ќе ги зголеми трошоците за оваа година. Некои од предвидените трошоци наведени во овој буџет може да не се остварат до крајот на годината поради разни ограничувања. За да ја покриеме оваа неизвесност, иако сите трошоци кои ги очекуваме се опишани во Excel документот за буџетот, предвидовме повлекување на 111.000,00 USD од нашите резерви да ја покриеме сумата на помалку веројатните трошоци. Оваа додатна сума може да биде повлечена од резервите по потреба во текот на годината. Обновениот буџет, кој ќе биде објавен во октомври, ќе има попрецизни информации за тоа кои трошоци ќе се случат во 2020.
  • 49.079,71 USD се добиени досега (заклучно со 29 февруари 2020) и 520.900,00 USD се предвидени да се добијат до крајот на годината.

49.079,71 USD донирани; 471.820,29 USD останати

Имате прашања?

Ако имате прашања за буџетот или финансиите на OTW, Ве молиме контактирајте ја Комисијата за финансии. Исто така ќе одржиме отворен онлајн разговор за да одговориме на кои било прашања кои ги имате. Меѓутоа, овој разговор ќе се одржи целосно на англиски јазик. Англиската верзија на оваа објава има повеќе информации за тоа кога ќе се случи разговорот и како да се приклучите.

За да го преземете буџетот на OTW за 2020 во Excel формат, следете го овој линк.


OTW е непрофитната матична организација на повеќе проекти вклучувајќи ги AO3, Фанлор, Отворени врати, TWC и Правната поддршка на OTW. Ние сме организација предводена од фанови, која е целосно поддржана од донации и волонтерски персонал. Дознајте повеќе за нас на веб-страницата на OTW. За да дознаете повеќе за нашиот тим од волонтерски преведувачи кои ја преведоа оваа објава, погледнете ја страницата на Преведување..

Announcement

Comments are closed.