OTW Финансии: Ажуриран буџет за 2021

Во текот на 2021, тимот за финансии на OTW (Организација за трансформативни дела) го продолжи плаќањето на сметките на организацијата, плаќањето на даноците и исполнувањето на стандардните сметководствени процедури. Продолжува припремата за годишната ревизија на финансиските извештаи за 2020!

Во меѓувреме, тимот макотрпно работеше на ажурирањето на буџетот за 2021 и сме среќни овде да Ви го презентираме (за подетални информации преземете го деталниот буџет за 2021):

Трошоци за 2021

Трошоци по програма: Наша сопствена архива: 62,1%. Отворени врати: 0,3%. Трансформативни дела и култури: 0,5%. Фанлор: 2,9%. Правна поддршка: 0,7%.Грант - Книга за видингот: 0,2% Администрација: 16,2%.Собирање на средства: 17,1%.

Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива)

потрошени: 125.025,02 USD; останати: 102.050,46 USD

  • 125.025,02 USD се потрошени оваа година од вкупно 227.075,48 USD, заклучно со 31 јули 2021.
  • 62,1% од трошоците на OTW се за одржување на AO3. Ова го вклучува поголемиот дел на серверските трошоци, вклучувајќи и нови набавки и тековна колокација и одржување, алатки за следење на перформансите на веб-страницата и разни лиценци поврзани со системите, како и трошоците посочени подолу (проверете ги сите програмски трошоци).
  • Овогодинешните проектирани трошоци за АО3 вклучуваат 100.000,00 USD за проширување на капацитетот на серверите за да се поддржи очекуваниот пораст на сообраќај на страницата во текот на годината.

Фанлор

потрошени: 5.527,77 USD ; останати: 5.169,81 USD

  • 5.527,77 USD се потрошени оваа година од вкупно 10.697,58 USD, заклучно со 31 јули 2021.
  • Трошоците на Фанлор се пред сѐ неговиот дел на серверски набавки, одржување и колокациски трошоци (проверете ги сите програмски трошоци).

Transformative Works and Cultures – TWC (Трансформативни дела и култури)

потрошени: 339,00 USD; останати: 1.500,00 USD

  • 339,00 USD се потрошени оваа година од вкупно 1.839,00 USD, заклучно со 31 јули 2021.
  • Трошоците на TWC се за хостирањето на веб-страницата на списанието и такси за издавање и складирање (проверете ги сите програмски трошоци).

Open Doors (Отворени врати)

потрошени: 450,48 USD; останати: 710,37 USD

  • 450,48 USD се потрошени оваа година од вкупно 1.160,85 USD, заклучно со 31 јули 2021.
  • Трошоците на Отворени врати се состојат од хостирање, резервни копии и трошоци за домени за увезените архиви на фан-дела (проверете ги сите програмски трошоци).

Legal Advocacy (Правна поддршка)

потрошени: 0,00 USD; останати: 2.500,00 USD

  • 0,00 USD се потрошени оваа година од вкупно 2.500,00 USD, заклучно со 31 јули 2021.
  • Трошоците на Правна поддршка се состојат од такси за приложување за разни активности, вклучувајќи ги и заштитените трговски марки на OTW (проверете ги сите програмски трошоци).

Грант за книгата на Ф. Копа за Историјата на Фан-видингот

потрошени: 0,00 USD; останати: 598,32 USD

  • 0,00 USD се потрошени оваа година од вкупно 598,32 USD, заклучно со 31 јули 2021.
  • Парите за овој грант се од донација дадена на OTW во 2020 за специфичната цел на покривање на трошоците за произведувањето на книгата на Франческа Копа за историјата на фан-видингот. Универзитетот Мичиген ќе ја објави книгата и ќе ги хостира фан-видеата и истовремено ќе ја направи книгата достапна онлајн бесплатно за сите кои сакаат да ја прочитаат и користат.
  • Буџетските трошоци се за дополнително лекторирање и издавање (проверете ги сите програмски трошоци).

Собирање на средства

потрошени: 31.423,46 USD; останати: 31.224,00 USD

  • 31.423,46 USD се потрошени оваа година од вкупно 62.647,46 USD, заклучно со 31 јули 2021.
  • Нашите трошоци за собирање на средства се состојат од трансакциски такси наплатени од трета странка за обработка на плаќања за секоја донација, купување и испраќање на подароци за благодарност и алатките користени да се хостира базата на податоци за членовите на OTW и да се следи комуникацијата со сегашни и потенцијални донатори (проверете ги трошоците за собирање на средства).

Администрација

потрошени: 12.448,35 USD; останати: 46.816,06 USD

Приходи за 2021

OTW приходи: Донации од априлската кампања за членство: 49,7%. Донации од октомвриската кампања за членство: 7,4%. Донации надвор од кампањи: 34,9%. Донации од програми за корпоративно удвојување на донации: 7,9%. Приходи од камати: <0,1%. Авторски хонорари: <0,1%. Други приходи: <0,1%.

  • OTW е целосно поддржана од Вашите донации—Ви благодариме за Вашата дарежливост!
  • Најголемиот дел од нашите донации секоја година го добиваме преку априлската и октомвриската кампања за донации, кои заедно претставуваат отприлика 57% од нашите приходи за 2021. Исто така добиваме донации преку програмите за коорпоративно удвојување на донации, авторски хонорари, Amazon Smile и PayPal Giving фондот, кој работи со донации од програми како Humble Bundle и eBay for Charity. Доколку сакате да нѐ поддржите додека купувате на тие веб-страници, Ве молиме изберете ја “Organization for Transformative Works” како Ваш избор за добротворна организација!
  • Благодарејќи на Вашата дарежливост во претходни години, имаме добра сума на пари во резервите, која можеме да користиме за да платиме за набавки кои се поголеми од вообичаено. Како што спомнавме претходно, планирани да продолжиме да го надоградуваме капацитетот на серверите на АО3, што значително ќе ги зголеми трошоците за серверската опрема и хостирање во следните години. Порастот на АО3 и другите поректи на OTW исто ќе бара поголема административна поддршка, што дополнително ќе ги зголеми трошоците.
  • 482.542,83 USD се добиени заклучно со 31 јули 2021 и 542.972,85 USD се проектирани да се добијат до крајот на годината.

донирани: 482.542,83 USD; останати: 60.430,02 USD

Имате прашања?

Доколку имате прашања за буџетот или финансиите на OTW, Ве молиме контактирајте ја Комисијата за финансии. Ќе одржиме и отворен онлајн разговор за да одговориме на Вашите прашања. Меѓутоа, овој разговор ќе се одржи целосно на англиски јазик. Англиската верзија на оваа објава содржи повеќе информации за тоа кога ќе се случи разговорот и како да се приклучите.

За да го преземете ажурираниот буџет на OTW за 2021 во Excel формат, следете го овој линк.

Report

Comments are closed.