Open Doors (Отворени врати)

Проектот Open Doors (Отворени врати) е посветен на обезбедување засолниште за фановски содржини кои се под закана. Имаме неколку подпроекти и обиди за спасување насочени кон архивирање и зачувување на различни видови на фан-дела и артефакти на фан културата.

Нашата работа вклучува:

  • Посебни колекции: Галеријата Посебни колекции вклучува спасени архиви и предизвици одржани на Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива), како и дигитални проекти кои моментално не можат да се интегрираат во AO3 или Фанлор. Ова ги вклучува .pdfs, мултимедијалните фан-дела, историски важните фан-страници и други дигитални артефакти.
  • Fan Culture Preservation Project (Проект за зачувување на фан култури): Заеднички проект помеѓу OTW (Организација за трансформативни дела) и одделот за посебни колекции на универзитетот во Ајова, за архивирање и зачувување на фанзини и други недигитални форми на фан култури.
  • GeoCities Rescue Project (Проект за спасување на Геоситис): Проект посветен на зачувување на фан страници кои инаку би се изгубиле откако Yahoo го затвори Геоситис во октомври 2009.
  • Yahoo Groups Rescue Project (Проект за спасување на Yahoo Групи): Проект посветен на зачувување фанфикции, фанарт и мета од Yahoo Групи кои инаку би се изгубиле откако Verizon ги затвори Yahoo Групи во јануари 2020.

    За повеќе информации, Ве молиме посетете ја веб-страницата на Open Doors.