Постојат ли пречки во однос на пристапноста кога станува збор за волонтирање?

OTW (Организација за трансформативни дела) користи неколку онлајн алатки од трети странки, како што се Basecamp и Campfire, кои е можно да не функционираат добро со некои помошни технологии. Нашата работа е главно текстуално базирана, а некои улоги имаат екстремно брзо темпо и бараат непосредна социјална интеракција онлајн во форма на текстуален чет.

Ако имате конкретни прашања, Ве молиме контактирајте нѐ и ќе се обидеме да Ви помогнеме.

Имам прашања околу волонтирањето кои не се одговорени тука.

Контактирајте ги Волонтери и регрутирање преку формуларот за контакт и со задоволство ќе ги одговориме Вашите прашања, генерално во текот на една недела. (Ако го пратите прашањето на јазик кој не е англиски, можно е за одгоровот да треба да почекате уште една дополнителна недела.)