Ќе Ви биде потребен стабилен интернет пристап, затоа што користиме веб-софтвер и е-пошта да комуницираме. За некои улоги можно е да биде потребен пристап до други веб-страници или софтвер. Пристапот до овие алатки е бесплатен или платен од страна на OTW (Организација за трансформативни дела).
Group: Волонтирање
Постои ли ограничување на минималната возраст за волонтерите?
OTW (Организација за трансформативни дела) може да прифати само пријави од лица на возраст од 16 години или постари. Можно е некои улоги и комисии да бараат квалификации кои го ограничуваат учеството на лица на возраст од 18 години или постари.
Ќе бидам ли платен/а за волонтирање?
Не, никој во OTW (Организација за трансформативни дела) не добива парична компензација за својата работа.