Ме интересира улога за која што моментално не регрутирате. Можам ли сепак да се пријавам?

Моментално прифаќаме само пријави за наведените улоги. Дел од нашиот процес е да регрутираме само за позиции кои прифаќаат нови волонтери и се подготвени да ги обучат и да ги воведат во работата. Сепак, продолжете да ја следите страницата за волонтирање и вестите на OTW (Организација за трансформативни дела) за улогата за која сте заинтересирани. Ако имате конкретни прашања околу улогите, можете да ги контактирате Волонтери и регрутирање.

Морам ли да го користам корисничкото име кое моментално го користам во фандом или на AO3 ако сакам да волонтирам? Морам ли да го користам моето постоечко корисничко име на AO3 ако сакам да волонтирам како уредувач на ознаки?

Кога волонтирате можете да користите кое име сакате. Некои волонтери сакаат да ја поврзат својата работа со својот идентитет во фандомите, други го користат своето легално име, особено доколку планираат да го стават волонтерското искуство на своето резиме или CV. Можете да одберете било која од овие опции, или да користите сосема ново име.

Ако сте прифатени да волонтирате како уредувач на ознаки, но не сакате да го поврзете уредувањето со Вашата постоечка корисничка сметка, претседателите на вашата комисија ќе Ви пратат покана за да направите посебна сметка за користење при уредувањето. Доколку сакате да ја користите Вашата постоечка сметка, името не мора да биде исто со името кое го користите во рамките на OTW (Организација за трансформативни дела), но имајте на ум дека Вашето OTW име може да биде поврзано со името кое го користите на Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архва) за време на Вашата работа како уредувач.

Имајте на ум: Одреден дел од улогите бараат да го користите Вашето легално име, затоа што вклучуваат работа надвор од организацијата. Ова секогаш ќе биде наведено во описот на позицијата или пријавата.

Се пријавив, но не добив никаков одговор. Што треба да направам?

Сите пријави треба да добијат автоматски одговор кој ги објаснува следните чекори во процесот. За да се осигурате дека ќе пристигне, Ве молиме да го додадете *@transformativeworks.org на Вашата листа на контакти.

Ако сѐ уште немате добиено автоматски одговор по 48 часа, проверете го вашиот спам-филтер и потоа Ве молиме пратете e-mail на volunteers@transformativeworks.org со позицијата за која сте аплицирале и името кое сте го користеле на пријавата.