Најголемиот дел од информациите на вашите веб-страници е на англиски јазик. Можам ли да волонтирам ако англискиот не е мој мајчин јазик?

Апсолутно! Добредојдени се волонтери од ширум светот и од сите позадини. Како организација која ѝ служи на една меѓународна заедница, имаме корисници и членови чиј мајчин јазик не е англискиот, и некои од нашите комисии и проекти имаат корист од волонтери кои знаат повеќе од еден јазик. Англискиот е ‘lingua franca’ на организацијата, па ќе биде потребно да работите на англиски (но тоа не мора да биде совршено!). Ако имате конкретни прашања околу пријавувањето за некоја отворена улога, контактирајте ги Волонтери и регрутирање и тие ќе Ви овозможат да стапите во контакт со претседателот на содветната комисија.

Што се случува откако ќе го испратам формуларот за пријавување?

Тоа зависи од типот на позицијата за која сте заинтетесирани. Откако ќе кликнете на submit, страницата ќе Ви покаже информации за тоа што ќе се случува понатаму и ќе добиете автоматска порака за потврда.

За улоги со голем број слободни позиции (на пр. волонтерска група како преведување или уредување на ознаки): Комисија за волонтери и регрутирање ќе ги испрати пријавите до претседателите на соодветните комисии и/или водачите на волонтерските групи. Претседателите потоа ќе ги интервјуираат апликантите за да видат дали добро би се вклопиле во соодветните тимови. Ќе ги информираме сите пријавени за резултатите од нивните пријави најскоро што можеме.

За улоги што бараат само одреден број на луѓе (на пр. улога на персонал): Волонтери и регрутирање ќе ги зачува сите пријави и ќе ги прати до соодветните претседатели на крајот на периодот за регрутирање. Претседателите потоа ќе ги интервјуираат апликантите за да ги најдат оние кои најдобро би се вклопиле во отворените улоги. Ќе ги информираме сите пријавени за резултатите од нивните пријави најскоро што можеме.

Ги немам способностите или искуството што се бараат од достапните улоги. Можам ли сепак да се пријавам?

Иако кај нас се добредојдени волонтери кои сакаат да се стекнат со ново искуство, некои од нашите позиции бараат одредени вештини и искуство. Нашите можности да прифатиме почетници за некоја улога може и да зависат од тоа колку искусни волонтери постојат кои би можеле да ги обучат истите. Бараното искуство и временски влог за секоја позиција се истакнати во нејзинот опис.

Ве охрабруваме да продолжите да ја следите страницата за волонтирање за отворени улоги кои одговараат на Вашите квалификации. Доколку имате прашања околу предусловите за некоја улога, слободно контактирајте ги Волонтери и регрутирање.