Која е разликата помеѓу „волонтерска“ улога и улога на „персонал“?

OTW (Организација за трансформативни дела) е целосно волонтерска организација, значи, секој што работи во неа го прави тоа на волонтерска база. Истовремено, нашите улоги имаат различни нивоа на одговорност и посветеност, кои ги разликуваме со користење на поимите волонтери и персонал.

Главно, волонтерите работат како дел од волонтерска група (на пр. уредувачи на ознаки, програмери, тестери, преведувачи) или работна група со конкретни и фокусирани задачи кои треба да ги извршат. Волонтерите кои се дел од волонтерски групи обично немаат обврска да се пристуни на состаноци; од волонтерите во работните групи можно е тоа да се очекува. Волонтерите немаат право да гласаат во своите комисии освен ако истовремено не се членови на персоналот на комисијата.

Членовите на персоналот служат во комисиите на OTW, од нив се очекува да се присутни на состаноци, и активно да учествуваат во работата на комисијата и проектите. Времето што е потребно да го вложат членовите на персоналот обично е повеќе од тоа што се бара од волонтерите. Исто така, по девет месеци работа како дел од персоналот, личноста има право да се кандидира за седиште во Управниот одбор.

Можам ли да волонтирам за повеќе од една улога?

Да; голем дел од членовите на персоналот на OTW (Организација за трансформативни дела) го посветуваат своето време на повеќе од една улога. Сепак, Ве молиме добро да размислите за временските побарувања поврзани со улогата за која сте заинтересирани и времето што ќе треба да ѝ го посветите на организацијата. Може да биде корисно и за волонтерите и за OTW кога има луѓе кои работат во повеќе улоги, но истовремено не сакаме никого да го преоптовариме со премногу одговорности. Сите наши описи на нови позиции го содржат и очекуваниот временски влог за таа позиција за да овозможат реалистични очекувања. Исто така се препорачува волонтерите да го дискутираат преземањето на повеќе улоги со претседателот на нивната комисија.

Морам ли да се наоѓам на некоја посебна локација да волонтирам?

Сите волонтери на OTW (Организација за трансформативни дела) работат онлајн, значи, не е потребно да се наоѓате на некоја посебна локација. Сѐ додека имате пристап до интернет, се наоѓате на вистинското место (и ќе работите со луѓе од ширум светот).