Blog archives

Немаше одговор на Вашето прашање?

Ве молиме контактирајте нѐ со Вашето прашање и со задоволство ќе Ви одговориме.

Зошто некои содржини се достапни само на англиски, а не на јазикот кој го избрав?

Оваа страница ја преведуваат волонтери во нивното слободно време. Одлучивме да ги објавиме најважните информации на Вашиот јазик веднаш штом беа достапни, иако страницата сѐ уште не е преведена целосно. Работиме на тоа во иднина сите содржини да Ви бидат достапни, но Ве молиме за разбирање дека за тоа е потребно време.

Кој ја преведе оваа веб-страница?

Преведувачите на OTW (Организација за трансформативни дела) работат на две нивоа: персонал на Комисијата за преведување и јазични тимови. Персоналот ги координира преведувачките задачи и комуницира со другите комисии. Јазичните тимови се со различна големина (со најмалку еден преведувач и еден бета читател) и се состојат од волонтери кои течно говорат или имаат како мајчин јазик некој јазик освен англискиот. Освен оваа страница, преведувачите исто така помагаат и други проекти на OTW, како Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива) да бидат достапни на меѓународна публика.