Blog archives
Што е OTW (Организација за трансформативни дела)?
OTW (Организација за трансформативни дела) е непрофитна организација основана од фанови за да им служи на интересите на истите, овозможувајќи пристап до и зачувување на историјата на фан-делата и фан-културите во сите различни форми.
Зошто се формираше OTW?
OTW (Организација за трансформативни дела) се формираше за да обезбеди иднина во која сите фановски дела ќе се признаени за легални и трансформативни и ќе се прифатени како легитимна креативна активност. Нашата мисија е да бидеме проактивни и иновативни во заштитата и одбраната на нашата работа од комерцијална експлоатација и правни предизвици, како и да ја одржуваме нашата фановска економија, вредности и креативно изразување со тоа што ги заштитуваме и згрижуваме нашите колеги-фанови, труд, коментари, историја и идентитет, додека обезбедуваме најобемен можен пристап до фановски активности за сите фанови.
Што претставуваат трансформативни дела?
Трансформативно дело преобразува постоечко дело во нешто со нова функција, сензибилност или начин на изразување. Трансформативни дела вклучуваат фанфикција, проза за вистински личности, фан-видеа и фанарт. OTW (Организација за трансформативни дела) се интересира за сите видови трансформативни дела, но наш приоритет е да ги поддржиме и одбраниме делата во нашата архива и фановите што ги создаваат истите.
Зошто ја избравте оваа терминологија?
Терминот трансформативни беше избран да нагласи во самото име на организацијата токму една од клучните правни одбрани за фан-дела од сите видови (вклучително и проза за вистински личности): дека тие ја трансформираат граѓата на оригиналните извори. Трансформативна употреба е онаа која, според Врховниот суд на САД, „додава нешто ново, со дополнителна намера или поинаков карактер, менувајќи го изворниот материјал со нов израз, значење или порака“. На пример, приказна од перспектива на Волдеморт се смета за трансформативна, исто како и приказна за поп ѕвезда која ги потенцира тековните ставови кон славните личности или сексуалноста. Судовите ги анализираат приговорите против уметнички дела поднесени под основ на „право… Read more
Дали OTW целосно ја претставува фандом заедницата?
OTW (Организација за трансформативни дела) ниту сака ниту може да говори во име на фандом заедницата во нејзината целост. Фандом заедницата е огромна, без разлика како се дефинира. Во моментов, OTW се стреми да обезбеди корисен, едноставен за пребарување, сигурен и стабилна архива за сета фанфикција, без оглед на соодветност за возраст или фандом, а на подолг рок да се прошири и со други фан-дела. Затоа се трудиме да воспоставиме стабилна и сигурна инфраструктура што ќе ја претставува OTW. Сите фандом заедници се добредојдени во проектите на OTW, вклучувајќи ја Наша сопствена архива – АО3, списанието Трансформативни дела и култури – TWC и вики-страницата Фанлор…. Read more