Blog archives

Кој профитира од формирањето на OTW?

Во фискална смисла, никој. OTW (Организација за трансформативни дела) е непрофитна организација, па сите приходи што ги зема одат во куферите на организацијата за да ја поддржат нејзината работа. OTW моментално нема платен персонал и ја водат волонтери. Нашата официјална политика за конфликт на интереси е онаа што Даночната служба на САД (IRS) ја препорачува за непрофитни организации.

Каде е инкорпорирана OTW?

OTW (Организација за трансформативни дела) е инкорпорирана во сојузната држава Делавер, во Соединетите Американски Држави.

Зошто ѝ се потребни пари на OTW и на што се трошат тие?

OTW (Организација за транформативни дела) користи средства за купување на добра и услуги што не можат да ги обезбедат нејзините волонтери, како што се оперативните и одредени административни трошоци. Оперативните трошоци вклучуваат купување на софтвер и серверски простор кои се користат за креирање и одржување на архивата. Административните трошоци вклучуваат различни ставки типични за непрофитни организации, како што се осигурување, надоместоци за процесори за плаќање и услуги за подготвување и ревизија на даноци.

Кој одлучува на што OTW ќе потроши пари?

Управниот одбор е одговорен за овие одлуки како дел од неговите довернички обврски. Благајникот на Одборот е конкретно одговорен за создавањето и спроведувањето на буџетот на OTW (Организација за трансформативни дела), но Одборот мора да гласа да го одобри буџетот, како и какви било непланирани трошоци. За помали трансакции, Одброт ја доделува одговорноста на комисиите на OTW за да одредат кои добра и услуги може да бидат потребни.

Како можам да донирам на OTW? Можам ли да донирам ако не живеам во Соединетите Американски Држави?

OTW (Организација за трансформативни дела) прифаќа донации од ширум светот преку онлајн донации или преку чек пратен по пошта на нашето поштенско сандаче. Погледнете ја страницата Поддржете ја OTW за повеќе детали. Нашиот процесор за плаќање нема да ги открие броевите на кредитни картички или банкарски сметки на OTW. Чековите примени по пошта ќе содржат информации за сметката, но истите нема да ги задржиме.