Blog archives
Зошто е вики-страницата само на англиски? Можам ли да придонесувам измени на други јазици?
Фандомите се интернационални, и добредојдени се придонеси од фанови од ширум светот. Моментално Фанлор е ресурс на англиски јазик, иако апсолутно ги охрабруваме уредувачите да документираат фандоми, фан-дела и фан-заедници кои можеби првобитно биле изведени на други јазици. Доколку би сакале совет или помош при документирањето на аспекти на фандомите кои не се на англиски или сте заинтересирани да работите со Фанлор за да го подобрите меѓународниот опсег на вики-страницата, Ве молиме контактирајте нѐ.
Дали ќе ги поврзете фановските и вистинските идентитети на вики-страницата Фанлор?
Фанлор има правило за заштита на идентитетот, со кое се осигуруваме дека фановите можат да ги задржат своите псевдонимни фановски идентитети одвоени од нивните вистински имиња доколку тоа го сакаат. Дополнително, OTW (Организација за трансформативни дела) е посветена на заштита на приватноста на фановите, без разлика на тоа дали ги користат нашите услуги или не. Доколку на вики-страницата е направена измена која го поврзува Вашиот вистински идентитет со фановскиот без Ваша согласност, Ве молиме контактирајте со Фанлор и ќе работиме со Вас да го решиме проблемот.
Сакам да уредам страница на Фанлор, но не знам како. Помогнете ми!
Секогаш се добредојдени нови уредувачи на Фанлор и имаме голем број на ресурси кои можат да Ви помогнат да започнете. Прво погледнете ги нашите совети за прегледување на Фанлор и воведното упатство за уредување, а потоа прегледајте ги нашите детални страници за помош. Исто така ќе сакате да се запознаете со нашите правила. Откако ќе почнете да уредувате, помошната табела за уредување на Фанлор е непроценлив ресурс – како што е и оваа листа на шаблони кои често се користат на вики-страницата. Доколку Ви е потребна понатамошна помош, секогаш можете да ги контактирате нашите администратори за помош при уредување. Кратки и/или воведни страници секогаш се… Read more
Што треба да направам ако мислам дека недостасуваат статии или информации?
Ги повикуваме сите фанови и заинтересирани да придонесуваат на Фанлор со тоа што ќе креираат нови статии или ќе дополнат информации на постоечките страници. Сѐ што можете да придонесете во врска со зачувувањето на фановската историја е добредојдено.
Кој е опсегот на Фанлор?
Опсегот на Фанлор ги вклучува фандомите и трансформативните фан-дела од секој вид. Настојуваме да обезбедиме место за придонеси од разновидна група на фанови кои ги споделуваат своите искуства за историјата на нивните фан-заедници.