Blog archives

Кој профитира од АО3? Дали корисниците треба да плаќаат?

Никој, вклучително и OTW (Организација за трансформативни дела) како организација не заработува пари од Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива), ниту пак од нејзината содржина. Напротив, OTW плаќа да ја хостира AO3. Не се прикажуваат никакви реклами. Наместо тоа, одржуваме јавни кампањи преку кои бараме парична поддршка од нашите корисници. За користење на AO3 или кои било од нејзините алатки никогаш нема да биде задолжителна никаква донација.

Зошто уште една архива?

Нашата прва цел е да изработиме нов, бесплатен софтверски пакет со отворен код што ќе им даде можност на фановите да хостираат сопствени стабилни и опсежни архиви, што може да поддржи дури и архива која содржи стотици илјади приказни и што има функции на социјално вмрежување кои им овозможуваат на фановите да се поврзат едни со други преку нивните дела. Нашата втора цел е да го искористиме овој софтвер за да обезбедиме некомерцијална и непрофитна, централизирана платформа за хостирање на фанфик и други трансформативни фан-дела, при што истите можат да бидат заштитени со застапувањето на OTW (Организација за трансформативни дела) и да го искористат залагањето… Read more