Blog archives

Колку корисници на архивата има во Европа?

OTW не ги следи сите корисници ниту пак има можност да се креира историја на пребарување за секој корисник. Врз основа на претпоставки за редовно користење кои се разумни според нашето искуство, имаме околу 3.48 милиони корисници во Европа кои се активни месечно, но можно е да направиме различни претпоставки во иднина. Исто така, има одредена несигурност за тоа што претставува „платформа“ или „услуга“ според Законот за Дигитални Услуги и дали проекти како Archive of Our Own и Fanlore се различни „платформи“ или „услуги“ една од друга. Имаме право да се навратиме на ова прашање во иднина, но моментално нашата претпоставка ги покрива сите наши… Read more

Управувам со архива што сакам да ја увезам/зачувам на AO3. Што треба да направам?

Контактирајте со Open Doors (Отворени врати) за пристап до алатката за увоз. Ве молиме известете нè уште од почеток доколку имате посебни потреби – на пример, доколку би сакале ние да го преземеме одржувањето на Вашиот стар домен или доколку Вашата архива содржи мултимедијална содржина.

Како можам да креирам корисничка сметка на AO3?

Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива) започна со отворена бета-верзија во ноември 2009 г. За да станете корисник, потребен Ви е код за покана. Системот на код за покана го користиме за бројот на корисници на AO3 да може да расте на контролиран начин. Новите корисници ги додаваме постепено за бројот на кориснички сметки да не ги надмине можностите на нашиот хардвер, опсег, помош и корисничка поддршка. На овој начин се осигуруваме дека секој што ја користи AO3 има најдобро можно искуство. Штом добиете порака на е-пошта со код за покана, кликнете на линкот во пораката на е-пошта за да стигнете до… Read more

Дали OTW се обидува да ги замени сите останати архиви?

Не. Ние, всушност, се надеваме дека другите фанови ќе го користат нашиот архивски софтвер, што ќе биде со отворен код и бесплатен за користење и модифицирање, за изградба на нивни сопствени архиви. Со Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива), се стремиме да изградиме мулти-фандом архива со одлични функции и правила поволни за фановите, која е приспособлива, експанзивна и долготрајна. Би сакале да бидеме вид на библиотека за фандомите, платформа каде корисниците можат да зачувуваат постоечки дела или проекти и да имаат стабилни линкови, а не единствената платформа каде некој ги објавува своите дела. Не се работи за бирање меѓу една или друга… Read more

Зошто е потребно толку долго време да се изработи архивскиот софтвер?

Процесот на изработување архива каква што OTW (Организација за трансформативни дела) предвидува не е едноставен. Ние не основаме архива користејќи постоечки софтвер, туку изработуваме нов архивски софтвер со отворен код, дизајниран имајќи ги предвид потребите на фановите, што е лесно одржлив и повторно употреблив и што може да подржи милиони приказни од стотици илјади корисници истовремено. На ова работи група волонтери, вклучително и група практиканти кои учат како да програмираат за да помогнат во градењето на фановска заедница на програмери. Ова е група на луѓе што може да помогне со одржување на архивскиот софтвер во иднина. Со други зборови, ние не само што изработуваме архивски… Read more