Archive of Our Own (Наша сопствена архива)
Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива) започна со отворена бета-верзија во ноември 2009 г. За да станете корисник, потребен Ви е код за покана. Системот на код за покана го користиме за бројот на корисници на AO3 да може да расте на контролиран начин. Новите корисници ги додаваме постепено за бројот на кориснички сметки да не ги надмине можностите на нашиот хардвер, опсег, помош и корисничка поддршка. На овој начин се осигуруваме дека секој што ја користи AO3 има најдобро можно искуство. Штом добиете порака на е-пошта со код за покана, кликнете на линкот во пораката на е-пошта за да стигнете до страницата за креирање на корисничка сметка. Доколку имате добиено код за покана од друг корисник, кликнувањето на овој линк треба да Ве одведе до точната страница.
Фанлор
Фанлор е вики-страница — веб-страница која ја уредуваат повеќе автори — на која можат да придонесуваат сите фанови. Нашата цел е да ја забележиме и историјата и сегашната состојба на нашите фан-заедници — фан-дела, активности, терминологија, поединечни фанови и фановски настани. За повеќе информации погледнете ја страницата За Фанлор и ЧПП на Фанлор.
Ги повикуваме сите фанови и заинтересирани да придонесуваат на Фанлор со тоа што ќе креираат нови статии или ќе дополнат информации на постоечките страници. Сѐ што можете да придонесете во врска со зачувувањето на фановската историја е добредојдено.
Фанлор има правило за заштита на идентитетот, со кое се осигуруваме дека фановите можат да ги задржат своите псевдонимни фановски идентитети одвоени од нивните вистински имиња доколку тоа го сакаат. Дополнително, OTW (Организација за трансформативни дела) е посветена на заштита на приватноста на фановите, без разлика на тоа дали ги користат нашите услуги или не. Доколку на вики-страницата е направена измена која го поврзува Вашиот вистински идентитет со фановскиот без Ваша согласност, Ве молиме контактирајте со Фанлор и ќе работиме со Вас да го решиме проблемот.
Фандомите се интернационални, и добредојдени се придонеси од фанови од ширум светот. Моментално Фанлор е ресурс на англиски јазик, иако апсолутно ги охрабруваме уредувачите да документираат фандоми, фан-дела и фан-заедници кои можеби првобитно биле изведени на други јазици. Доколку би сакале совет или помош при документирањето на аспекти на фандомите кои не се на англиски или сте заинтересирани да работите со Фанлор за да го подобрите меѓународниот опсег на вики-страницата, Ве молиме контактирајте нѐ.
Финансии
OTW (Организација за трансформативни дела) е инкорпорирана во сојузната држава Делавер, во Соединетите Американски Држави.
OTW (Организација за транформативни дела) користи средства за купување на добра и услуги што не можат да ги обезбедат нејзините волонтери, како што се оперативните и одредени административни трошоци. Оперативните трошоци вклучуваат купување на софтвер и серверски простор кои се користат за креирање и одржување на архивата. Административните трошоци вклучуваат различни ставки типични за непрофитни организации, како што се осигурување, надоместоци за процесори за плаќање и услуги за подготвување и ревизија на даноци.
Управниот одбор е одговорен за овие одлуки како дел од неговите довернички обврски. Благајникот на Одборот е конкретно одговорен за создавањето и спроведувањето на буџетот на OTW (Организација за трансформативни дела), но Одборот мора да гласа да го одобри буџетот, како и какви било непланирани трошоци. За помали трансакции, Одброт ја доделува одговорноста на комисиите на OTW за да одредат кои добра и услуги може да бидат потребни.
OTW (Организација за трансформативни дела) прифаќа донации од ширум светот преку онлајн донации или преку чек пратен по пошта на нашето поштенско сандаче. Погледнете ја страницата Поддржете ја OTW за повеќе детали.
Нашиот процесор за плаќање нема да ги открие броевите на кредитни картички или банкарски сметки на OTW. Чековите примени по пошта ќе содржат информации за сметката, но истите нема да ги задржиме.
Правен оддел
Авторските права имаат за цел да го заштитат правото на авторот да профитира од своето дело во даден временски период за да ги поттикне креативните потфати и широко распространетото споделување на знаењето. Но, ова не го ограничува правото на другите да одговараат на оригиналното дело, било со критички коментар, пародија или, како што веруваме, трансформативни дела.
Во Соединетите Американски Држави, авторските права се ограничени со доктрината на фер користење. Правниот случај Кембел против Ејкаф-Роуз (Campbell v. Acuff-Rose) тврди дека трансформативните употреби се предмет на посебно разгледување во анализата на фер користењето. Оние кои се заинтересирани за подетална правна анализа можат да најдат повеќе информации на страницата Правна анализа на Фанлор.
Open Doors (Отворени врати)
Проектот Open Doors (Отворени врати) на OTW (Организација за трансформативни дела) е посветен на зачувувањето на фан-дела за во иднина. Нашата цел е да ги зачуваме особено оние фановски проекти што би можеле да се изгубат поради недостаток на време, интерес или ресурси од страна на тековниот одржувач.
За повеќе информации, вклучувајќи ги ЧПП за Отворени врати во целост, погледнете ја веб-страницата на Отворени врати.
Организација за трансформативни дела
OTW (Организација за трансформативни дела) е непрофитна организација основана од фанови за да им служи на интересите на истите, овозможувајќи пристап до и зачувување на историјата на фан-делата и фан-културите во сите различни форми.
OTW (Организација за трансформативни дела) се формираше за да обезбеди иднина во која сите фановски дела ќе се признаени за легални и трансформативни и ќе се прифатени како легитимна креативна активност.
Нашата мисија е да бидеме проактивни и иновативни во заштитата и одбраната на нашата работа од комерцијална експлоатација и правни предизвици, како и да ја одржуваме нашата фановска економија, вредности и креативно изразување со тоа што ги заштитуваме и згрижуваме нашите колеги-фанови, труд, коментари, историја и идентитет, додека обезбедуваме најобемен можен пристап до фановски активности за сите фанови.
Transformative Works and Cultures (Трансформативни дела и култури)
Transformative Works and Cultures – TWC (Трансформативни дела и култури) има за цел да обезбеди простор за академска анализа на индивидуални трансформативни дела и пошироката култура на фандомите од која потекнуваат, со што помагаат да се покаже општествената, едукативната и естетската вредност на фандомите и фановските дела.
TWC им помага на фановите кои се интересираат за учествување во фандомите на потеоретски и поакадемски начин да го споделат своето проучување пошироко, подобрувајќи ја комуникацијата меѓу фановите и академичарите, а истовремено давајќи ја теоретската позадина на мисијата на OTW (Организација за трансформативни дела) на објаснување и зачувување на фандомите и трансформативните дела. Списанието исто така го објаснува контесктот на одредени дела за да помогне при поставувањето на фан-делата како посебна креативна уметност.
Transformative Works and Cultures – TWC (Трнасформативни дела и култури) излегува двапати годишно, на 15ти март и 15ти септември.
Деталните правила за поднесување на труд се достапни онлајн на Transformative Works and Cultures – TWC (Трансформативни дела и култури) website.
Добредојдени се пријави од секого сѐ додека поднесеното е во согласност со фокусот и опсегот на TWC.
Transformative Works and Cultures – TWC (Трансформативни дела и култури) website објавува рецензирани академски статии за трансформација, широко опишано, за фанскиот ангажман со разни типови на текстови и фан-заедниците; мета-статии и лични есеи резенцирани од уредникот; осврти на книги и интервјуа.
Почнувајќи со Transformative Works and Cultures – TWC (Трансформативни дела и култури) бр. 25, есеите се лиценцирани под Creative Commons Attribution 4.0 меѓународна лиценца. За објаснување на размислувањето на списанието, видете го уредничкото писмо Авторски права и отворен пристап од 15ти септември.
Оваа лиценца истовремено овозможува некомерцијално и комерцијано користење со атрибуција. Поради ова, правните лица, на пример печатниците, кои сакаат да ги реиздадат статиите (дури и за комеријални потреби) не мора да добијат документи за ослободување на авторските права.
TWC броевите 1 до 24 се лиценцирани под
Creative Commons Attribution-Noncommercial 3.0 Unported лиценца. За броевите 1 до 24, TWC, не авторот ги задржува авторските права. Сите кои сакаат да ја репродуцираат содржината за профит, вклучувајќи ги и авторите, мора да добијат дозвола од TWC. Ваквата дозвола рутински се издава бесплатно.
Поднесете ги прашањата до уредникот.
Бидејќи Transformative Works and Cultures – TWC (Трансформативни дела и култури) е мултимедиско списание кое објавува слики, вметнува видеа и користи хиперлинкови, тоа мора да се појави онлајн. PDF верзиите не би можеле соодветно да го овозможат интерактивното искуство на списанието.
Исто така, бидејќи TWC ја користи Creative Commons Attribution 4.0 International лиценцата, фановите може да сакаат да го трансформираат спианието, создавајќи PDF документи од содржината и давајќи слободен пристап. Сѐ додека документот го содржи линкот до оригиналниот извор и сѐ додека оној што го објавува PDF-документот не наплаќа за пристап, оваа активност е сосема прифатлива под условите на CC-лиценцата. Всушност, TWC ги потикнува ваквите фановски активности.
Конечно, TWC се побунува против важноста на печатените медиуми во академството. Ако создадеме официјални PDF верзии, овие документи, не онлајн верзиите, ќе бидат третирани како авторитативни само поради привилегиите кои се дозволени за печатените медиуми во академската издавачка индустрија – а истовремено PDF верзиите секогаш ќе бидат второстепени статични пресликување на интерактивен документ.
Волонтирање
Да; голем дел од членовите на персоналот на OTW (Организација за трансформативни дела) го посветуваат своето време на повеќе од една улога. Сепак, Ве молиме добро да размислите за временските побарувања поврзани со улогата за која сте заинтересирани и времето што ќе треба да ѝ го посветите на организацијата. Може да биде корисно и за волонтерите и за OTW кога има луѓе кои работат во повеќе улоги, но истовремено не сакаме никого да го преоптовариме со премногу одговорности. Сите наши описи на нови позиции го содржат и очекуваниот временски влог за таа позиција за да овозможат реалистични очекувања. Исто така се препорачува волонтерите да го дискутираат преземањето на повеќе улоги со претседателот на нивната комисија.
Сите волонтери на OTW (Организација за трансформативни дела) работат онлајн, значи, не е потребно да се наоѓате на некоја посебна локација. Сѐ додека имате пристап до интернет, се наоѓате на вистинското место (и ќе работите со луѓе од ширум светот).
Апсолутно! Добредојдени се волонтери од ширум светот и од сите позадини. Како организација која ѝ служи на една меѓународна заедница, имаме корисници и членови чиј мајчин јазик не е англискиот, и некои од нашите комисии и проекти имаат корист од волонтери кои знаат повеќе од еден јазик. Англискиот е ‘lingua franca’ на организацијата, па ќе биде потребно да работите на англиски (но тоа не мора да биде совршено!). Ако имате конкретни прашања околу пријавувањето за некоја отворена улога, контактирајте ги Волонтери и регрутирање и тие ќе Ви овозможат да стапите во контакт со претседателот на содветната комисија.
Тоа зависи од типот на позицијата за која сте заинтетесирани. Откако ќе кликнете на submit, страницата ќе Ви покаже информации за тоа што ќе се случува понатаму и ќе добиете автоматска порака за потврда.
За улоги со голем број слободни позиции (на пр. волонтерска група како преведување или уредување на ознаки): Комисија за волонтери и регрутирање ќе ги испрати пријавите до претседателите на соодветните комисии и/или водачите на волонтерските групи. Претседателите потоа ќе ги интервјуираат апликантите за да видат дали добро би се вклопиле во соодветните тимови. Ќе ги информираме сите пријавени за резултатите од нивните пријави најскоро што можеме.
За улоги што бараат само одреден број на луѓе (на пр. улога на персонал): Волонтери и регрутирање ќе ги зачува сите пријави и ќе ги прати до соодветните претседатели на крајот на периодот за регрутирање. Претседателите потоа ќе ги интервјуираат апликантите за да ги најдат оние кои најдобро би се вклопиле во отворените улоги. Ќе ги информираме сите пријавени за резултатите од нивните пријави најскоро што можеме.
Иако кај нас се добредојдени волонтери кои сакаат да се стекнат со ново искуство, некои од нашите позиции бараат одредени вештини и искуство. Нашите можности да прифатиме почетници за некоја улога може и да зависат од тоа колку искусни волонтери постојат кои би можеле да ги обучат истите. Бараното искуство и временски влог за секоја позиција се истакнати во нејзинот опис.
Ве охрабруваме да продолжите да ја следите страницата за волонтирање за отворени улоги кои одговараат на Вашите квалификации. Доколку имате прашања околу предусловите за некоја улога, слободно контактирајте ги Волонтери и регрутирање.
Моментално прифаќаме само пријави за наведените улоги. Дел од нашиот процес е да регрутираме само за позиции кои прифаќаат нови волонтери и се подготвени да ги обучат и да ги воведат во работата. Сепак, продолжете да ја следите страницата за волонтирање и вестите на OTW (Организација за трансформативни дела) за улогата за која сте заинтересирани. Ако имате конкретни прашања околу улогите, можете да ги контактирате Волонтери и регрутирање.
Кога волонтирате можете да користите кое име сакате. Некои волонтери сакаат да ја поврзат својата работа со својот идентитет во фандомите, други го користат своето легално име, особено доколку планираат да го стават волонтерското искуство на своето резиме или CV. Можете да одберете било која од овие опции, или да користите сосема ново име.
Ако сте прифатени да волонтирате како уредувач на ознаки, но не сакате да го поврзете уредувањето со Вашата постоечка корисничка сметка, претседателите на вашата комисија ќе Ви пратат покана за да направите посебна сметка за користење при уредувањето. Доколку сакате да ја користите Вашата постоечка сметка, името не мора да биде исто со името кое го користите во рамките на OTW (Организација за трансформативни дела), но имајте на ум дека Вашето OTW име може да биде поврзано со името кое го користите на Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архва) за време на Вашата работа како уредувач.
Имајте на ум: Одреден дел од улогите бараат да го користите Вашето легално име, затоа што вклучуваат работа надвор од организацијата. Ова секогаш ќе биде наведено во описот на позицијата или пријавата.
Сите пријави треба да добијат автоматски одговор кој ги објаснува следните чекори во процесот. За да се осигурате дека ќе пристигне, Ве молиме да го додадете *@transformativeworks.org на Вашата листа на контакти.
Ако сѐ уште немате добиено автоматски одговор по 48 часа, проверете го вашиот спам-филтер и потоа Ве молиме пратете e-mail на [email protected] со позицијата за која сте аплицирале и името кое сте го користеле на пријавата.
Ќе Ви биде потребен стабилен интернет пристап, затоа што користиме веб-софтвер и е-пошта да комуницираме. За некои улоги можно е да биде потребен пристап до други веб-страници или софтвер. Пристапот до овие алатки е бесплатен или платен од страна на OTW (Организација за трансформативни дела).
OTW (Организација за трансформативни дела) може да прифати само пријави од лица на возраст од 16 години или постари. Можно е некои улоги и комисии да бараат квалификации кои го ограничуваат учеството на лица на возраст од 18 години или постари.
Не, никој во OTW (Организација за трансформативни дела) не добива парична компензација за својата работа.
OTW (Организација за трансформативни дела) користи неколку онлајн алатки од трети странки, како што се Basecamp и Campfire, кои е можно да не функционираат добро со некои помошни технологии. Нашата работа е главно текстуално базирана, а некои улоги имаат екстремно брзо темпо и бараат непосредна социјална интеракција онлајн во форма на текстуален чет.
Ако имате конкретни прашања, Ве молиме контактирајте нѐ и ќе се обидеме да Ви помогнеме.
Контактирајте ги Волонтери и регрутирање преку формуларот за контакт и со задоволство ќе ги одговориме Вашите прашања, генерално во текот на една недела. (Ако го пратите прашањето на јазик кој не е англиски, можно е за одгоровот да треба да почекате уште една дополнителна недела.)