Што точно е фер користење?

Фер користење е правото да се искористи материјал заштитен од авторски права без за тоа да е потребно да се добие дозвола или да се плати. Тоа е основно ограничување на законот за авторкски права со кое се заштитува слободното изразување. „Фер користење“ (fair use) е американски поим, иако сите закони за авторски права имаат ограничувања кои не дозволуваат тие да се претворат во приватна цензура.

Фер користењето поддржува употреби кои (1) се некомерцијални и не се продаваат за профит; (2) се трансформативни и додаваат ново значење и пораки на оригиналот; (3) се ограничени, не го копираат оригиналот во целост; и (4) не го заменуваат оригиналното дело. Ниту еден од овие фактори не е апсолутно неопходен за фер користење, но секој од нив придонесува, а ние веруваме дека фан-делата како оние на Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива) јасно спаѓаат под фер користење врз основа на сите овие фактори.

Comments are closed.