Трансформативно дело преобразува постоечко дело во нешто со нова функција, сензибилност или начин на изразување.
Трансформативни дела вклучуваат фанфикција, проза за вистински личности, фан-видеа и фанарт. OTW (Организација за трансформативни дела) се интересира за сите видови трансформативни дела, но наш приоритет е да ги поддржиме и одбраниме делата во нашата архива и фановите што ги создаваат истите.