Не живеам во САД. Постои ли еквивалент на фер користење во мојата држава? Како може тој да се разликува од фер користењето во САД?

Повеќето земји имаат исклучоци од авторските права од различни причини. Во Европа, почест е поимот „фер постапување“ (fair dealing). Државите се разликуваат во третманот на опсегот на авторските права и исклучоците од нив.

На пр., во Канада, пародијата не е посебно признаена одбрана против кршењето на авторските права, иако може да спадне под фер постапување под одредени услови. Австралија има ограничена заштита за слободата на комуникациите. Се очекува Прегледот на Гауерс за интелектуална сопственост во Обединетото Кралство да донесе промени во законите на Обединетото Кралство за пародија и трансформативно користење.

Со други зборови, комплицирано е и постојано се менува.