Кога волонтирате можете да користите кое име сакате. Некои волонтери сакаат да ја поврзат својата работа со својот идентитет во фандомите, други го користат своето легално име, особено доколку планираат да го стават волонтерското искуство на своето резиме или CV. Можете да одберете било која од овие опции, или да користите сосема ново име.
Ако сте прифатени да волонтирате како уредувач на ознаки, но не сакате да го поврзете уредувањето со Вашата постоечка корисничка сметка, претседателите на вашата комисија ќе Ви пратат покана за да направите посебна сметка за користење при уредувањето. Доколку сакате да ја користите Вашата постоечка сметка, името не мора да биде исто со името кое го користите во рамките на OTW (Организација за трансформативни дела), но имајте на ум дека Вашето OTW име може да биде поврзано со името кое го користите на Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архва) за време на Вашата работа како уредувач.
Имајте на ум: Одреден дел од улогите бараат да го користите Вашето легално име, затоа што вклучуваат работа надвор од организацијата. Ова секогаш ќе биде наведено во описот на позицијата или пријавата.