Кој ја преведе оваа веб-страница?

Преведувачите на OTW (Организација за трансформативни дела) работат на две нивоа: персонал на Комисијата за преведување и јазични тимови. Персоналот ги координира преведувачките задачи и комуницира со другите комисии. Јазичните тимови се со различна големина (со најмалку еден преведувач и еден бета читател) и се состојат од волонтери кои течно говорат или имаат како мајчин јазик некој јазик освен англискиот.

Освен оваа страница, преведувачите исто така помагаат и други проекти на OTW, како Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива) да бидат достапни на меѓународна публика.