Кој е ставот на OTW за плагијаторство наспроти фанфикција?

Постои разлика помеѓу плагијат (непризнаеното користење на туѓи зборови како свои), фанфикција (признаено или очигледно позајмување на елементи на некоја приказна за да се раскаже нова приказна во зборовите на авторот на фанфикцијата) и цитирање (признаеното или очигледно користење на мали извадоци од туѓо дело).

Под “очигледно” мислиме дека дури и ако авторите на фан-дела не стават одрекување од одговорност на своите дела, читателите знаат дека тие не ги измислиле Чудесна Жена (Wonder Woman) или Волдеморт (Voldemort) или фразата “Употреби ја Силата, Лук.”

Плагијатите се измамливи и го спречуваат оригиналниот автор да добие признание за своето оригинално дело. Фанфикцијата и цитирањето се значајни примени на фер користењето кои го признаваат оригиналниот автор и неговото дело. OTW (Организација за транфсормативни дела) не поддржува плагијати; ги поддржуваме фанфикцијата и цитирањето.

Comments are closed.