Кој го избира Управниот одбор?

Управниот одбор во 2007-2008 беше назначен да ја воспостави OTW (Организација за трансформативни дела). Сите последователни Одбори се изгласани од страна на членовите на OTW. Одборот е должен да ги уредува комисиите, донесува конечни одлуки, води финансиски записи, да ја утврдува правната усогласеност на организацијата и сл.

Од членовите на Одборот се бара да отслужат тригодишни мандати. Една третина од Одборот се изгласува секоја година. Изгласаниот Одбор се состои од угледни членови кои отслужиле најмалку еден мандат во една од комисиите. Секој член на OTW добива еден глас за изборите, без оглед на тоа колку придонесува. Доколку сте заинтересирани да се кандидирате за Одборот, Ве молиме контактирајте со Изборниот персонал. За повеќе информации во врска со нашиот изборен процес, Ве молиме посетете ја веб-страницата Избори на OTW.

Comments are closed.