Немаме планови за пробен случај. Се фокусираме на градење на врски со групи кои давват правна поддршка како EFF и развивање на сопствени правни ресурси.
Еден од најинтересните и најкорисни напредоци кај авторските права неодамна е развивањето на „најдобри практики“, принципи и процедури кои утврдуваат што претставува фер користење според мислењето на заедница на креативни корисници. Најдобрите практики можат успешно да го бранат правото на фер користење дури и без судска постапка — погледнете ја изјавата за најдобри практики во фер користењето. Нашиот став е дека барем некомерцијалните, трансформативни дела спаѓаат под фер користење и OTW ќе го брани тој став, како што авторите на документарни филмови ги користат нивните најдобри практики да снимаат филмови и водат бизнис без судска постапка.