Кои мерки постојат за да ја заштитат инвестицијата на членовите?

OTW (Организација за траснформативни дела) е непрофитна корпорација, подложна на закони и регулации кои ја диктираат нејзината доверничка одговорност да врши активности на начин кој ја потврдува довербата на јавноста. OTW ја проверуваат не само нејзините членови и фановите надвор од организацијата, туку и IRS и сојузната држава Делавер, во која сме основани.

Постојат и дополнителни заштитни мерки. Злоупотреба на средствата на OTW претставува измама и може да биде казнива со закон. Ова прилично добро функционира како пречка. Распределбата на средствата на OTW следи општо прифатени сметководни принципи во однос на надзорот и авторизацијата на трошоците. Финансиските информации на OTW исто така се предмет на ревизија од независна трета сметководствена фирма секоја фискална година. Конечно, OTW мора да го поднесе образецот 990 на IRS секоја година за да даде извештај за финансиските активности на организацијата.

Извештаите за годишните ревизии и обрасците 990 се јавно достапни на веб-страницата на OTW на страницата Извештаи и управни документи, како и на страницата на Комисијата за финансии.

Comments are closed.