Зошто OTW верува дека трансформативните дела се легални?

Авторските права имаат за цел да го заштитат правото на авторот да профитира од своето дело во даден временски период за да ги поттикне креативните потфати и широко распространетото споделување на знаењето. Но, ова не го ограничува правото на другите да одговараат на оригиналното дело, било со критички коментар, пародија или, како што веруваме, трансформативни дела.

Во Соединетите Американски Држави, авторските права се ограничени со доктрината на фер користење. Правниот случај Кембел против Ејкаф-Роуз (Campbell v. Acuff-Rose) тврди дека трансформативните употреби се предмет на посебно разгледување во анализата на фер користењето. Оние кои се заинтересирани за подетална правна анализа можат да најдат повеќе информации на страницата Правна анализа на Фанлор.