Зошто ја избравте оваа терминологија?

Терминот трансформативни беше избран да нагласи во самото име на организацијата токму една од клучните правни одбрани за фан-дела од сите видови (вклучително и проза за вистински личности): дека тие ја трансформираат граѓата на оригиналните извори.

Трансформативна употреба е онаа која, според Врховниот суд на САД, „додава нешто ново, со дополнителна намера или поинаков карактер, менувајќи го изворниот материјал со нов израз, значење или порака“. На пример, приказна од перспектива на Волдеморт се смета за трансформативна, исто како и приказна за поп ѕвезда која ги потенцира тековните ставови кон славните личности или сексуалноста.

Судовите ги анализираат приговорите против уметнички дела поднесени под основ на „право на публицитет“ користејќи го тестот за трансформативна употреба во рамките на законот за авторски права, така што терминот е применлив и на еден од главните правни проблеми со кои се соочува прозата за вистински личности. Имајќи предвид дека една од нашите основни цели е да го одбраниме правото на постоење на фан-дела, поседувањето клучна одбрана за истите во нашето име е важно за организацијата.