Зошто уште една архива?

Нашата прва цел е да изработиме нов, бесплатен софтверски пакет со отворен код што ќе им даде можност на фановите да хостираат сопствени стабилни и опсежни архиви, што може да поддржи дури и архива која содржи стотици илјади приказни и што има функции на социјално вмрежување кои им овозможуваат на фановите да се поврзат едни со други преку нивните дела.
Нашата втора цел е да го искористиме овој софтвер за да обезбедиме некомерцијална и непрофитна, централизирана платформа за хостирање на фанфик и други трансформативни фан-дела, при што истите можат да бидат заштитени со застапувањето на OTW (Организација за трансформативни дела) и да го искористат залагањето на OTW за признавање на нивната легалност и општествена вредност. За разлика од други архиви, Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива) не ја водат поединци чиј интерес во фандом е променлив, туку непрофитна организација со која управува избран ротирачки одбор на посветени фанови. Се надеваме дека ова ќе доведе до поголема постојаност и стабилност во споредба со други архиви или услуги.