Зошто е потребно толку долго време да се изработи архивскиот софтвер?

Процесот на изработување архива каква што OTW (Организација за трансформативни дела) предвидува не е едноставен. Ние не основаме архива користејќи постоечки софтвер, туку изработуваме нов архивски софтвер со отворен код, дизајниран имајќи ги предвид потребите на фановите, што е лесно одржлив и повторно употреблив и што може да подржи милиони приказни од стотици илјади корисници истовремено.

На ова работи група волонтери, вклучително и група практиканти кои учат како да програмираат за да помогнат во градењето на фановска заедница на програмери. Ова е група на луѓе што може да помогне со одржување на архивскиот софтвер во иднина. Со други зборови, ние не само што изработуваме архивски софтвер, туку и ги доградуваме програмерите.

Вложивме напор и да развиеме сеопфатни правила поволни за фановите со што поголем придонес од самите фанови. Како резултат, може да ги прегледате Условите за користење на Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива).

Сето ова одзема време, но сметаме дека сосема вреди да се почека. Напредокот во развојот на AO3 може да го следите преку нашите билтени или нашиот блог. За да волонтирате со нас, контактирајте ја Комисијата за волонтери и регрутирање.

Comments are closed.