OTW (Организација за трансформативни дела) се темели на фан заедница со повеќедецениска историја како заедница составена претежно од жени. Денес, поради интернетот и новата технологија, истата заедница со нејзините интереси брзо се развива на различни начини и се вкрстува со други фан заедници со поинаква историја. Возбудени сме и полни со надеж за начинот на кој нашата заедница расте и доаѓа во контакт со други варијанти на ремикс културата. Добредојден е секој што ги дели нашите интереси. Истовремено, нам ни е важно да оддадеме признание дека оваа креативна заедница е место создадено и цврсто оформено на база на вкусовите на жените затоа што тоа е историски ретка и неверојатна појава.
OTW ги вреднува сите фанови и придонесите на фановите од сите родови определби. Имајќи предвид дека OTW настана со примена на трансформативни фан-дела историски вкоренети во првенствено женска култура, особено ја цениме историјата на вклученост на жените и фандом практиките развиени благодарение на женскиот труд.
Многу организации, вклучувајќи го Фондот за правна одбрана на стрипови, Макинима Академијата за уметност и науки, како и Фондацијата Електронска граница, се фокусираат на прашања и интереси поврзани со фандомите. OTW, пак, се фокусира на прашања што се однесуваат на трансформативните дела фанфикција, фан-видеа и фанарт.