Дали OTW ја поддржува комерцијализацијата на фанфикцијата?

Мисијата на OTW (Организација за трансформативни дела) е пред сѐ да ги заштити фан-авторите кои работат само од љубов и ги споделуваат своите дела бесплатно во фановската економија на подарување, кои сакаат да бидат дел од заедница и да се поврзат со други фанови и да ги слават и да одговорат на медиумските дела во кои уживаат.

Овие фанови создаваат живописни и активни заедници околу делата кои ги слават, имаат тенденција да трошат купишта пари на оригиналното дело и поврзани производи, а ги поттикнуваат и другите да купуваат. Тие не се натпреваруваат со делото на оригиналниот автор и истовремено придонесуваат кон неговото промовирање.

Иако некои трансформативни дела легитимно циркулираат на пазарот за профит — пародии како што е The Wind Done Gone (прераскажување на Однесено од виорот (Gone with the Wind) од перспективата на роб), критички анализи кои опсежно го цитираат оригиналот, „неовластени водичи“, итн. — тоа не е она што го прават или сакаат да го прават писателите на фанфикција и воопшто фан-креаторите. Ние само сакаме да уживаме во нашето хоби и нашите заедници и да ги споделуваме нашите креативни дела без постојаната закана дека некои претерано ревносни адвокати од големи корпорации ќе почнат да ни испраќаат барања за прекинување на спорни активности, потпирајќи се не на законот, туку на непропорционалната тежина на парите на нивна страна.