Дали OTW целосно ја претставува фандом заедницата?

OTW (Организација за трансформативни дела) ниту сака ниту може да говори во име на фандом заедницата во нејзината целост. Фандом заедницата е огромна, без разлика како се дефинира. Во моментов, OTW се стреми да обезбеди корисен, едноставен за пребарување, сигурен и стабилна архива за сета фанфикција, без оглед на соодветност за возраст или фандом, а на подолг рок да се прошири и со други фан-дела. Затоа се трудиме да воспоставиме стабилна и сигурна инфраструктура што ќе ја претставува OTW.

Сите фандом заедници се добредојдени во проектите на OTW, вклучувајќи ја Наша сопствена архива – АО3, списанието Трансформативни дела и култури – TWC и вики-страницата Фанлор. Сите ние кои создаваме трансформативни фановски дела се соочуваме со слична група правни проблеми, така што би сакале да им помогнеме нашите колеги-фанови да се справат со бесмислени барања за запирање на спорни активности или да добијат правна поддршка доколку имаат цврст случај што сакаат да го одбранат.

Се обидуваме да најдеме сојузници и да се поврземе пред да се појават некакви проблеми, истовремено објаснувајќи му на светот зошто не треба да има проблеми имајќи предвид дека фановите се лојални потрошувачи.

Comments are closed.