Дали ќе ги поврзете фановските и вистинските идентитети на вики-страницата Фанлор?

Фанлор има правило за заштита на идентитетот, со кое се осигуруваме дека фановите можат да ги задржат своите псевдонимни фановски идентитети одвоени од нивните вистински имиња доколку тоа го сакаат. Дополнително, OTW (Организација за трансформативни дела) е посветена на заштита на приватноста на фановите, без разлика на тоа дали ги користат нашите услуги или не. Доколку на вики-страницата е направена измена која го поврзува Вашиот вистински идентитет со фановскиот без Ваша согласност, Ве молиме контактирајте со Фанлор и ќе работиме со Вас да го решиме проблемот.