Дали донациите на OTW можат да се одбијат од данокот?

Да, во Соединетите Американски Држави. IRS го има одобрено статусот на OTW (Организација за трансформативни дела) како непрофитна организација која е ослободена од данок. Една од придобивките на нашиот непрофитен статус е тоа што секоја донација што ќе ја дадете на организацијата, вклучувјаќи го и Вашиот надоместок за членство од 10 USD, сега може да се одбие од данокот во САД! Уште подобро, Вашите минати донации исто така можат да се одбијат од данокот, сѐ до нашиот датум на основање: 5 септември 2007.

Ве молиме имајте на ум дека доколку се наоѓате надвор од САД, можно е Вашите придонеси да не се одбиваат од данокот. Консултирајте се со советник за данок и прашајте дали донациите на US 501(c)(3) можат да се одбијат од данокот според Вашите локални закони.

Comments are closed.