Ако моето дело е објавено на OTW’s Archive of Our Own Наша сопствена архива), кој закон важи — моите локални закони за фер користење или оние на САД?

Затоа што OTW (Организација за трансформативни дела) и нејзините сервери се наоѓаат во САД, веруваме дека законот на САД важи за содржините на Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива), дури и ако авторот е жител на друга држава. Сепак, различни земји тврдат различни нешта за досегот на нивните закони. Веројатно е дека законите на Вашата држава ќе важат за Вас. Можно е некои делови од правилата на OTW да се пошироки или порестриктивни од законите на одредена јурисдикција.

Други организации кои служат на меѓународни заедници се соочуваат со различните легални режими под кои живеат, работат и играат нивните корисници. Creative Commons, на пр., има развиено процес во повеќе чекори со кој нивните лиценци се пренесуваат интернационално со тоа што “лиценците ги преведуваат јазично и легално ги прилагодуваат на посебните јурисдикции.

Идеално, би сакале да развиеме сличен процес во OTW, но засега, со задоволство соработуваме со нашите пријатели од EFF кога се соочуваме со правна поддршка надвор од Соединетите Американски Држави. Доколку би сакале да работите на правни проблеми или образование за држави надвор од САД, Ве молиме контактирајте ја Комисијата за волонтери.