Кампања за членство на Организацијата за транформативни дела, 15-17 октомври 2021

Кампања за членство 2021: Од фановите, за фановите

OTW (Организација за транформативни дела) е создадена од љубов. Ја создадоа фанови за фановите. Ние сме непрофитна организација и целосно се потпираме на донации: донираното време на нашите волонтери и паричните донации од заедницата на која ѝ служиме. Денес почнува нашата кампања за членство која се одржува двапати годишно, за време на која ги замолуваме оние од Вас кои се во можност да размислат околу тоа финансиски да придонесат за да ја поддржат нашата работа. Можете да прочитате како ги трошиме овие пари во нашиот буџет. Read More

Организација за трансформативни дела: ажуриран буџет за 2021

OTW Финансии: Ажуриран буџет за 2021

Во текот на 2021, тимот за финансии на OTW (Организација за трансформативни дела) го продолжи плаќањето на сметките на организацијата, плаќањето на даноците и исполнувањето на стандардните сметководствени процедури. Продолжува припремата за годишната ревизија на финансиските извештаи за 2020!

Во меѓувреме, тимот макотрпно работеше на ажурирањето на буџетот за 2021 и сме среќни овде да Ви го презентираме (за подетални информации преземете го деталниот буџет за 2021): Read More