Posts by Priscilla
Кампања за членство октомври 2021: Ви благодариме за поддршката
Октомвриската кампања за членство на OTW (Организација за трансформативни дела) само што заврши и со огромно задоволство можеме да кажеме дека вкупно собравме запрепастувачки 195.009,65 USD, далеку надминувајќи ја нашата цел од 40.000 USD. Исто така го зголемивме и нашето членство на 4.786 членови. Ова го овозможи дарежливоста на 6.700 донаторите од 77 држави ширум светот. Како и секогаш, ние сме преблагодарни за нашата глобална заедница. Ви благодариме! Вашата поддршка ни овозможува да продолжиме да работиме во служба на нашата мисија: унапредување на интересите на фановите кои ги застапуваме со тоа што обезбедуваме пристап до и зачувување на историјата на фан-делата и фан-културата во сите… Read more
OTW Финансии: Ажуриран буџет за 2020
Во текот на 2020, тимот за финансии на OTW (Организација за трансформативни дела) продолжи да ги разгледува финансиските трансакции за да ја провери нивната точност и комплетност. Дополнителните задачи вклучуваа плаќање на сметките, завршување на ревизијата на финансиите за 2019 и осигурување дека се запазени стандардните сметководни процедури. Во меѓувреме, тимот исто така вредно работеше да го ажурира буџетот за 2020 и со гордост го претставува тука! (проверете го Excel документот за буџетот за 2020 доколку сакате подетални информации):
Ви благодариме за поддршката
Априлската кампања за членство на OTW (Организација за трансформативни дела) само што заврши и ние сме воодушевени од Вашата неверојатна дарежливост. Вашите досегашни донации далеку ја надминаа нашата првична цел од 130,000 USD, собирајќи вкупно 458,501.00 USD, донирани од 14905 луѓе од 96 држави. Ние сме преблагодарни и како и секогаш сме посветени на оваа заедница што сите ја градиме заедно секој ден. Не можеме да Ви се заблагодариме доволно за тоа што ја поддржувате нашата мисија и го овозможувате идниот развој на нашите проекти.