Posts by lee e
Резултати од изборите на OTW за 2022 година
Комисијата за избори би сакала да им се заблагодари на сите кандидати за нивната напорна работа на овогодинешните избори. Воедно, со задоволство ги претставуваме резултатите од изборите за 2022. Следните кандидати (по азбучен ред) се официјално избрани за членови на Управниот одбор: Хедер Мекгвајер Наталија Грубер Како што беше претходно соопштено, Управниот одбор со жалење објаува дека Е. Ана Сегеди, избрана во 2021, ја отстапи својата позиција на Одборот пред изборите во 2022 година. Благодарни сме за службата на Ана и ѝ се заблагодаруваме за работата и посветеноста. За да го пополни празното место, кандидатот кој заврши на третото место на изборите, Мишел Шредер, ќе… Read more
2022 Гласањето за Управниот одбор на OTW сега е отворено!
Ги започнавме изборите! Секој член на OTW (Организација за трансформативни дела) кој се приклучил помеѓу 1 јули 2021 и 30 јуни 2022 би требало досега да има гласачко ливче. Доколку не сте го добиле, најпрво проверете ја спам-папката, а потоа контактирајте нѐ преку формуларот за контакт. Ве молиме имајте на ум дека Вашата сметка за донација ќе биде со датум според американско источно време, па така ако Вашата донација е запишана по 19:59 на 30 јуни 2022 на сметката, нема да можете да гласате. Ако не сте сигурни дали Вашата донација е остварена пред крајниот рок, Ве молиме контактирајте ја нашата Комисија за Развој и… Read more
Најава на кандидатите за изборите на OTW во 2022 година
Најава на кандидатите OTW (Организација за трансформативни дела) со задоволство ги објавува следните кандидати за изборите во 2022 година (по азбучен ред според име): Хедер М. Мишел Ш. Наталија Г. Ноеми Б. Тифани Г. Целосните легални имиња на кандидатите нема да бидат јавно објавени оваа година освен ако не се назначат или изберат за Одборот. Е. Ана Сегеди ја отстапува позицијата на Одборот поради лични причини, па така оваа година на изборите ќе има 3 отворени места, од кои едно е делумен мандат од две години. Кандидатот кој ќе добие трето место ќе биде избран за ова место. Благодарни сме за службата на Ана и… Read more
Временска рамка за изборите на OTW и краен рок за членство за 2022 година
Комисијата за избори на OTW со задоволство Ве известува дека ја објавивме временската рамка за изборите за нови членови на Управниот одбор во 2022 година! Оваа година изборите ќе се одржат од 12-15 август. Тоа значи дека крајниот рок за членовите на персоналот да ја објават својата кандидатура е 17 јуни. Како и обично, крајниот рок за членство е 30 јуни. Доколку сакате да гласате, Ве молиме осигурајте се дека Вашето членство е активно на тој датум. Ве молиме имајте на ум дека Вашата сметка за донација ќе биде со датум според американско источно време, па така ако Вашата донација е запишана по 19:59 на… Read more