Posts by Heleen
Членови на OTW – проверете ја Вашата е-пошта за инструкции за гласање
До сега сите членови на OTW (Организација за трансформативни дела) кои имаат право на глас треба да имаат добиено е-пошта со линк до инструкциите за гласање за 2022 година. Насловот беше “Voting Instructions for Organization for Transformative Works (OTW) Board Election” (Инструкции за гласање на изборите за Управниот одбор на Организацијата за трансформативни дела (OTW)). Ве молиме имајте на ум дека сите оние кои не ја добиле оваа е-пошта не се на гласачката листа оваа година и нема да добијат гласачко ливче. Е-поштата со инструкциите за гласање содржи линк до тест-верзија на гласачкото ливче. Ве молиме следете го линкот за да се осигурате дека страницата… Read more
Кампања за членство, октомври 2020: Ви благодариме за поддршката
Втората кампања за членство на OTW (Организација за трансформативни дела) за оваа година заврши и со задоволство можеме да кажеме дека иако не ја постигнавме нашата цел од 5.000 нови членови, регистриравме вкупно 2.660 членства од 69 држави, со што во овој период собравме вкупно 89.688,51 USD.
Кампања за членство, октомври 2020: Растеме заедно
OTW (Организација за трансформативни дела) ја замислија, изградија и дизајнираа корисниците на нашите услуги. Тоа е она што нѐ прави уникатни! Дали тоа се адвокатите, системските администатори и другите волонтери кои ги одржуваат нашите проекти; донаторите чија даржливост ја гарантира нашата финансиска состојба; или писателите, уметниците и другите придонесувачи чија напорна работа е пристутна на Фанлор, Transformative Works and Cultures – TWC (Трансформативни дела и култури) и Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива), ништо од тоа што го правиме не би било можно без времето, љубовта и посветеноста на индивидуалните фанови. Посилни сме заедно отколку разделени. Затоа денес Ве замолуваме да размислите… Read more
OTW Финансии: Буџет за 2020
Во текот на 2019, тимот за финансии на OTW (Организација за трансформативни дела) работеше во позадина да се погрижи сите сметки на организацијата да се платени, даноците – поднесени и стандардните сметководствени процедури исполнети. Припремите за финансиските извештаи и ревидирирањето за 2019 се моментално во тек! Во меѓувреме, тимот исто така вредно работеше да ги исполни потребите на OTW за 2020, па така горди сме да ви го претставиме буџетот за оваа година (проверете го Excel документот за буџетот за 2020 доколку сакате подетални информации):