Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива) е некомерцијална и непрофитна, централизирана страница за хостирање на трансформативни фан-дела како фанфикција, фанарт, фан-видеа и аудиофик. AO3 претставува платформа која целосно ја создадоа и ја предводат фанови. Тоа е место каде фановската креативност придобива од залагањето на OTW за признавањето на нејзината легалност и општествена вредност.
Во ноември 2009 г., AO3 започна со отворена бета-верзија, a достигна 1 милион поставени фан-дела во фебруари 2014. Во јули 2018, АО3 надмина 4 милиони поставени фан-дела. Во 2019 ја користат преку 1,5 милион регистрирани корисници и има фан-дела во преку 30.000 фандоми.
AO3 целосно ја изградија и дизајнираа волонтери од фандомите. Многу од нашите волонтери се здобија со вештини во програмирање, дизајн и документација преку нивната работа на проектот. Софтверот со отворен код на страницата е моментално поставен на GitHub. Одржувањето на серверите на АО3 целосно се финансира преку донациите од OTW. Корисниците не плаќаат за ништо и не гледаат реклами на страницата.
Некои од позначајните карактеристики на AO3 се:
- преземање на фан-делата со еден клик во неколку формати (ePub, HTML, Mobi, PDF)
- систем за слободно означување кој им дозволува на авторите на фан-делата да дефинираат свои сопствени ознаки за класификација
- системи за коментирање, пофалби и обележување
- можности за корисниците да ги гледаат фан-делата глава по глава или во целост и да поврзуваат фан-дела во серија
- хостирање на збирки на фан-дела и предизвици
- увезување на фан-дела кои претходно биле објавени на друго место
Повеќе детали за проектот може да најдете во ЧПП, планот за развој на AO3 и Објавите за новости на AO3. Новостите за AO3 исто така се достпни преку Twitter и Tumblr.