Членови на OTW – проверете ја Вашата е-пошта за инструкции за гласање

До сега сите членови на OTW (Организација за трансформативни дела) кои имаат право на глас треба да имаат добиено е-пошта со линк до инструкциите за гласање за 2022 година. Насловот беше “Voting Instructions for Organization for Transformative Works (OTW) Board Election” (Инструкции за гласање на изборите за Управниот одбор на Организацијата за трансформативни дела (OTW)). Ве молиме имајте на ум дека сите оние кои не ја добиле оваа е-пошта не се на гласачката листа оваа година и нема да добијат гласачко ливче.

Е-поштата со инструкциите за гласање содржи линк до тест-верзија на гласачкото ливче. Ве молиме следете го линкот за да се осигурате дека страницата се прикажува правилно и кандидатите се видливи. Ако не, Ве молиме осигурајте се дека не блокирате JavaScript од ajax.googleapis.com, bootstrapcdn.com, и/или opavote.com.

Доколу сте член на OTW, а не ја добивте оваа е-пошта, Ве молиме направете го следното:

  1. Проверете ја вашата спам-папка.
    • Ако користите Gmail, проверете го Вашиот Social таб.
    • Ако е-поштата е означена како спам, сменете ја ознаката. Ако не го сторите ова, нема да го добиете гласачкото ливче затоа што и тоа ќе заврши во спам.
  2. Ако немате порака на е-поштата, отворете ја сметката за Вашата донација и проверете го датумот.
    • За да гласате на овие избори, датумот на сметката мора да биде помеѓу 1 јули 2021 и 30 јуни 2022, вклучувајќи ги двата датуми.
    • Ако сте платиле со чек, Вашето членство важи од датумот на пристигнување на чекот. Ве молиме имајте на ум дека Вашата сметка за донација ќе биде со датум според американско источно време, па така ако Вашата донација е запишана по 19:59 на 30 јуни 2022 на сметката, нема да можете да гласате. Ако не сте сигурни дали Вашата донација е остварена пред крајниот рок, Ве молиме контактирајте ја нашата Комисија за Развој и членство преку формуларот за контакт и изберете „Is my membership current/Am I eligible to vote?” (Дали моето членство активно/Дали можам да гласам?)
  3. Ако сте донирале за време на валидниот временски период, осигурајте се дека сте ја означиле опцијата да станете член. Членството е доброволно за оние кои ќе донираат најмалку 10 USD; само членовите можат да гласаат.
  4. Ако сте станале член, осигурајте се дека не сте означиле ниту една е-пошта од OTW како спам и не сте одлучиле да не примате е-пошта од OTW или да не го примите минатогодишното гласачко ливче. Доколку сте го направиле тоа и сакате да гласате оваа година, ќе треба да го следите чекорот 5 подолу.
  5. Ако сте донирале најмалку 10 USD за време на валидниот период и сте ја означиле опцијата да станете член, Ве молиме пополнете го контакт-формуларот на Избори и изберете ја темата “Is my membership current/Am I eligible to vote?” (Дали моето членство е актуелно/Дали имам право да гласам?). Ве молиме наведете ја адресата на е-поштата која сте ја користеле за да донирате во пораката.
    • Членството не е поврзано со користењето на Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива) или Фанлор. Ве молиме не го наведувајте Вашето корисничко име на AO3 или Фанлор – не можеме да знаеме кому му припаѓа тоа име и не сакаме да знаеме.

Најважо од сѐ, ако не ја добиете пораката со инструкциите, ако е означена како спам или одберете да не добивате е-пошта, нема да добиете гласачко ливче и можно е да не го добиете и следната година. Слично, ако нешто од горенаведеното се случило минатата година, нема да добиете гласачко ливче оваа година. Затоа, доколку претходно сте одбрале да не добивате е-пошта од OTW или сте ја означиле како спам и би сакале да гласате, пополнете го контакт-формуларот на Избори и одберете ја темата “Is my membership current/Am I eligible to vote?”


OTW е непрофитната матична организација на повеќе проекти, вклучувајќи ги AO3, Фанлор, Отворени врати, TWC и Правната поддршка на OTW. Ние сме организација предводена од фанови, која е целосно поддржана од донации и волонтерски персонал. Дознајте повеќе за нас на веб-страницата на OTW. За да дознаете повеќе за нашиот тим од волонтерски преведувачи кои ја преведоа оваа објава, погледнете ја страницата на Преведување.

Announcement

Comments are closed.