Волонтирање
Да; голем дел од членовите на персоналот на OTW (Организација за трансформативни дела) го посветуваат своето време на повеќе од една улога. Сепак, Ве молиме добро да размислите за временските побарувања поврзани со улогата за која сте заинтересирани и времето што ќе треба да ѝ го посветите на организацијата. Може да биде корисно и за волонтерите и за OTW кога има луѓе кои работат во повеќе улоги, но истовремено не сакаме никого да го преоптовариме со премногу одговорности. Сите наши описи на нови позиции го содржат и очекуваниот временски влог за таа позиција за да овозможат реалистични очекувања. Исто така се препорачува волонтерите да го дискутираат преземањето на повеќе улоги со претседателот на нивната комисија.
OTW (Организација за трансформативни дела) може да прифати само пријави од лица на возраст од 16 години или постари. Можно е некои улоги и комисии да бараат квалификации кои го ограничуваат учеството на лица на возраст од 18 години или постари.
Сите волонтери на OTW (Организација за трансформативни дела) работат онлајн, значи, не е потребно да се наоѓате на некоја посебна локација. Сѐ додека имате пристап до интернет, се наоѓате на вистинското место (и ќе работите со луѓе од ширум светот).
Апсолутно! Добредојдени се волонтери од ширум светот и од сите позадини. Како организација која ѝ служи на една меѓународна заедница, имаме корисници и членови чиј мајчин јазик не е англискиот, и некои од нашите комисии и проекти имаат корист од волонтери кои знаат повеќе од еден јазик. Англискиот е ‘lingua franca’ на организацијата, па ќе биде потребно да работите на англиски (но тоа не мора да биде совршено!). Ако имате конкретни прашања околу пријавувањето за некоја отворена улога, контактирајте ги Волонтери и регрутирање и тие ќе Ви овозможат да стапите во контакт со претседателот на содветната комисија.
Ќе Ви биде потребен стабилен интернет пристап, затоа што користиме веб-софтвер и е-пошта да комуницираме. За некои улоги можно е да биде потребен пристап до други веб-страници или софтвер. Пристапот до овие алатки е бесплатен или платен од страна на OTW (Организација за трансформативни дела).
OTW (Организација за трансформативни дела) користи неколку онлајн алатки од трети странки, како што се Basecamp и Campfire, кои е можно да не функционираат добро со некои помошни технологии. Нашата работа е главно текстуално базирана, а некои улоги имаат екстремно брзо темпо и бараат непосредна социјална интеракција онлајн во форма на текстуален чет.
Ако имате конкретни прашања, Ве молиме контактирајте нѐ и ќе се обидеме да Ви помогнеме.
Моментално прифаќаме само пријави за наведените улоги. Дел од нашиот процес е да регрутираме само за позиции кои прифаќаат нови волонтери и се подготвени да ги обучат и да ги воведат во работата. Сепак, продолжете да ја следите страницата за волонтирање и вестите на OTW (Организација за трансформативни дела) за улогата за која сте заинтересирани. Ако имате конкретни прашања околу улогите, можете да ги контактирате Волонтери и регрутирање.
Иако кај нас се добредојдени волонтери кои сакаат да се стекнат со ново искуство, некои од нашите позиции бараат одредени вештини и искуство. Нашите можности да прифатиме почетници за некоја улога може и да зависат од тоа колку искусни волонтери постојат кои би можеле да ги обучат истите. Бараното искуство и временски влог за секоја позиција се истакнати во нејзинот опис.
Ве охрабруваме да продолжите да ја следите страницата за волонтирање за отворени улоги кои одговараат на Вашите квалификации. Доколку имате прашања околу предусловите за некоја улога, слободно контактирајте ги Волонтери и регрутирање.
Кога волонтирате можете да користите кое име сакате. Некои волонтери сакаат да ја поврзат својата работа со својот идентитет во фандомите, други го користат своето легално име, особено доколку планираат да го стават волонтерското искуство на своето резиме или CV. Можете да одберете било која од овие опции, или да користите сосема ново име.
Ако сте прифатени да волонтирате како уредувач на ознаки, но не сакате да го поврзете уредувањето со Вашата постоечка корисничка сметка, претседателите на вашата комисија ќе Ви пратат покана за да направите посебна сметка за користење при уредувањето. Доколку сакате да ја користите Вашата постоечка сметка, името не мора да биде исто со името кое го користите во рамките на OTW (Организација за трансформативни дела), но имајте на ум дека Вашето OTW име може да биде поврзано со името кое го користите на Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архва) за време на Вашата работа како уредувач.
Имајте на ум: Одреден дел од улогите бараат да го користите Вашето легално име, затоа што вклучуваат работа надвор од организацијата. Ова секогаш ќе биде наведено во описот на позицијата или пријавата.
Тоа зависи од типот на позицијата за која сте заинтетесирани. Откако ќе кликнете на submit, страницата ќе Ви покаже информации за тоа што ќе се случува понатаму и ќе добиете автоматска порака за потврда.
За улоги со голем број слободни позиции (на пр. волонтерска група како преведување или уредување на ознаки): Комисија за волонтери и регрутирање ќе ги испрати пријавите до претседателите на соодветните комисии и/или водачите на волонтерските групи. Претседателите потоа ќе ги интервјуираат апликантите за да видат дали добро би се вклопиле во соодветните тимови. Ќе ги информираме сите пријавени за резултатите од нивните пријави најскоро што можеме.
За улоги што бараат само одреден број на луѓе (на пр. улога на персонал): Волонтери и регрутирање ќе ги зачува сите пријави и ќе ги прати до соодветните претседатели на крајот на периодот за регрутирање. Претседателите потоа ќе ги интервјуираат апликантите за да ги најдат оние кои најдобро би се вклопиле во отворените улоги. Ќе ги информираме сите пријавени за резултатите од нивните пријави најскоро што можеме.
Сите пријави треба да добијат автоматски одговор кој ги објаснува следните чекори во процесот. За да се осигурате дека ќе пристигне, Ве молиме да го додадете *@transformativeworks.org на Вашата листа на контакти.
Ако сѐ уште немате добиено автоматски одговор по 48 часа, проверете го вашиот спам-филтер и потоа Ве молиме пратете e-mail на volunteers@transformativeworks.org со позицијата за која сте аплицирале и името кое сте го користеле на пријавата.
Не, никој во OTW (Организација за трансформативни дела) не добива парична компензација за својата работа.
Контактирајте ги Волонтери и регрутирање преку формуларот за контакт и со задоволство ќе ги одговориме Вашите прашања, генерално во текот на една недела. (Ако го пратите прашањето на јазик кој не е англиски, можно е за одгоровот да треба да почекате уште една дополнителна недела.)