Фан-видео и мултимедија

Фановите создаваат најразлични мултимедијални дела, меѓу кои фанарт, видеа, политички ремикси, фан-филмови, фан-трејлери, машинима, подфик и аудиокниги и др. OTW (Организација за трансформативни дела) е посветена на овозможувањето на пристап до овие дела и зачувувањето на нивната историја, а нашите проекти од категоријата на Фан-видео и мултимедија имаат за цел и да пружаат информации и ресурси на пошироката фан-видео заедница и да ги објаснат и контестуализираат овие дела за пошироката публика.

Fan Video Roadmap (План за развој на проектот за фан-видеа)

Планот за развој на проектот за фан-видеа е водич за функционалностите и сервисите поврзани со видеа што ги планира OTW, вклучувајќи го и нашиот план целосно да инкорпорираме видеа во Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива).

Ресурси за креаторите на фан-видеа

Следните страници содржат информации кои се надеваме дека ќе им бидат корисни на креаторите на фан-видеа. Доколку сакате да предложите страници кои би можеле да ги хостираме тука, или ако имате нови предлози или корекции на постоечките страници, Ве молиме контактирајте нѐ.

Ресурси за проучувачи на фан-видеа

  • Библиографија на фан-видеа: се одржува на Zotero.
  • Водич за стилот во фановски дела: како да цитирате фан-видеа (и други научни дела) во академски контекст.
  • Видинг (2008), документарен филм во продукција на OTW за проектот на MIT Нова медиумска писменост (New Media Literacy).
  • Документарен филм за видингот (2011), на Абигејл Кристенсен (Abigail Christensen)
  • Научна архива на мултимедијални дела (наскоро): Библиотека на фан-видеа дискутирани во научни статии; ќе обезбедиме и контакт информации за научници кои планираат да објават дела, со што идните статии и книги би имале стабилни извори и фусноти.

Проекти за историјата на видингот

OTW моментално има посебна научна и правна стручност во областа на фан-видингот базиран на играни медиуми; нашите проекти за Vidding History (Историја на видингот) целат да ѝ обезбедат услуги на видинг заедницата и да го објаснат и контекстуализираат видингот за пошироката публика. Нашите сегашни проекти ги вклучуваат: Vidding Oral History Project (Проект за усмена историја на видингот), Test Suite of Fair Use Vids (Демонстрација на правилата за фер користење во фан-видеата), и Видинг (2008), документарен филм во продукција на OTW за проектот на MIT Нова медиумска писменост (New Media Literacy). Голем дел од правната работа на OTW е поврзана со видингот; можете да дознатете повеќе на страницата на нашата Legal Advocacy (Правна поддршка).

The Dark Archive (Темната архива)

Целта на темната архива ќе биде да складира и заштитува видеа; оваа архива нема да биде онлајн или општо достапна. Погледнете го Планот за развој на проектот за фан-видеа за повеќе информации.

Torrent of Our Own (Наш сопствен торент)

Нашиот сопствен торент ќе биде приватен трекер за трансформативни дела покриени со правилата за фер користење, вклучувајќи видеа, трејлери за фикови, фанарт, фанзини во pdf формат, AMVs (аниме музички видеа), политички ремикси, машинима, и други трансформативни дигитални дела. Погледнете го Планот за развој на проектот за фан-видеа за повеќе информации.