Фанлор

Со цел да сe зачува историјата на трансформативните дела и фандомите од кои тие поттекнуваат, ОTW (Организација за трансформативни дела) ја основа Фанлор, сопствената фандомска вики-страница. Бета везијата на Фанлор е објавена во септември 2008, а вики-страницата ја напушти бета-фазата во декември 2010. Заклучно со јануари 2019 на Фанлор повеќе од 35.000 регистрирани корисници создадале повеќе од 46.000 страници со повеќе од 830.000 уредувања.

Фанлор обезбедува рамка во која фановите можат да ги документираат сопствените рабирања и искуства во фандомите, сегашни и минати. Овој енкцилопедиски ресурс претставува жива архива на фандомската историја во корист на самите фанови. Има за цел да ги документира минатите фандомски случувања, како и да ги зачува моменталните дискусии и дебати за идни потреби преку запишување на историјата додека се случува. Исто така дава контекст за надворешните медиуми, академици и луѓето нови во фандомите – во формат каде фановите имаат контрола врз сопствената репрезентација.

Содржината на Фанлор ја создаваат фановите. Сите фанови се слободни да се приклучат на проектот и да ја делат сопственоста на содржините на вики-страницата. Фановите можат да придонесуваат преку создавање на нови статии, додавање на детали на страници или преку додавање на сопствената перспектива на статии за да го обноват, дискутираат или прошират разбирањето за темите. Некои уредувачи на Фанлор преземаат оддредени уредувачки проекти, како медиумскиот fanzine (Фанзин) проект, преку кој се уредија илјадници страници. Фанлор исто така приредува редовни уредувачки предизвици, како годишниот предизвик Априлски порои. Администраторите ги следат поновите уредувања за да се осигураат дека сите придонеси се прописно интегрирани и да обезбедат поддршка за нашите придонесувачи. Вики-страницата е по самата природа секогаш во развој и Комисијата за Фанлор обезбедува поддршка, помош и охрабрување онаму каде што е потребно.

Сета оригинална содржина е достапна под Creative Commons лиценца; секому му е дозволено да прави копии за хостирање на други страници. Вики-страницата беше изградена со софтвер со отворен код.

Повеќе детали за Фанлор може да се најдат на веб-страницата на OTW во делот за ЧПП како и на ЧПП на Фанлор.

Новостите за Фанлор се достапни преку Twitter, Tumblr и Dreamwidth.