Управен одбор

OTW (Организација за трансформативни дела) ја водат фановите за фановите. Сите членови на Управниот одбор на OTW се активни во фандомите, исто како што се и стотиците други луѓе кои служат во комисиите и работат како волонтери.

Управен одбор

Кати Егерт (Kati Eggert) работи во проектен менаџмент, претежно на меѓусекторски проекти со фокус на информатички технологии и дигитализација. Брзо откако научила да чита, се вљубила во научна фантастика и фантазија. На организираните фандоми им се приклучила во ерата на печатени фанзини и месечни билтени откако открила оглас за фан-клуб на Ѕвездени патеки на задната страна од една книга. Кати ужива во косплеј и волонтирање на конвенции, особено мали конвенции организирани од страна на фанови. Иако сѐ уште е фан на Ѕвездени патеки, се има приклучено кон мноштво други фандоми и ужива да чита мета за фандомите и фан-дела. Развојот на OTW го следела од самиот нејзин почеток во 2008. Најпосле се приклучила на Комисијата за правила и злоупотреба во 2015, проследена со Преведување (германски јазик) во 2019.

Наталија Грубер (Natalia Gruber) го открила својот прв фан-фик случајно, додека чекала да излезе последната Harry Potter книга, и долго време мислела дека тоа е прекрасна, но изолирана идеја. За среќа, подоцна открила дека не само таа приказна не е единствената, туку и дека фандом е жива, богата заедница, со неверојатни луѓе и многу повеќе фикови отколку што може да прочита. Неколку години само читала, главно Harry Potter, додека не се приклучила на фандомот на Толкин. Тука конечно почнала да ги објавува своите сопствени дела и да запознава други фанови, и е местото каде што сѐ уште се чувствува најудобно. Наставник по англиски преку ден, Нат се приклучила на OTW (Органицазија за трансформативни дела) во 2016 како преведувач на бразилски португалски. По неколку месеци станала дел од комисиите за Правила и злоупотреба и Уредување на ознаки, каде што имала одлично искуство и научила многу повеќе за OTW и нејзината работа. На крајот од 2017, решила да се приклучи на персоналот за Преведување, работејќи да ги поддржи и да им помогне на преведувачите во нивната работа, и ангажирајќи се во многу повеќе меѓу-комисиски и менаџерски задачи.

Лекс де Леон (Lex de Leon) моментално работи за владата на Соединетите Американски Држави како специјалист за информациска технологија за менаџмент на документи и содржини, со посебен фокус на внесување, миграција и долгорочно зачувување. Почнал да пишува фан-фикција за серијата Valdemar и оттогаш има акумулирано повеќе фандоми за кои секогаш дискутира со задоволство. Неумоливо страсен шипер на фемслеш, ужива да пишува фикови кои земаат од неговото животно искуство и фантазија и да ги чита сите оние што ќе му го привлечат вниманието или содржат пар кој го сака. Една случајна посета на Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива) скоро по објавата за регрутирање на Поддршка е тоа што довело до неговата пријава, со верување дека неговата деценија од искуство во техничка поддршка би ѝ помогнало на OTW (Организација за трансформативни дела). Цврсто верува во мисијата на OTW и сака да ја продолжи нејзината работа и во иднина. Некако, една прекрасна жена се согласила да се омажи за него и секогаш да ги слуша неговите идеи за фан-дела. Заедно одгледуваат две мачки, куче и една нерасположена птица која не лета.

Ребека Сентанс (Rebecca Sentance) – претседател учествува во фандомите веќе 15 години, почнувајќи на Quizilla каде што читала фан-фикција во второ лице во фандоми како што се Yu-Gi-Oh!, Inuyasha, Yu Yu Hakusho и Dragonball Z. Сепак, нејзиното прво фан-дело била фан-фикција за Enid Blyton која ја напишала на петгодишна возраст, долго пред воопшто да може да си замисли дека постојат цели заедници од луѓе кои објавуваат и читаат такви дела онлајн.

Ја открила AO3 во 2011 и полека почнала да учи за огранизацијата зад неа и нејзините бројни останати проекти, што ја довело да се задлабочи во историјата на фандомите и академските фан-студии и да научи за виталната значајност на зачувувањето и бранењето на фан-делата од секој вид. Иако едвај чекала да стане дел од OTW, не успеала да фати отворена рунда за регрутирање до средината на 2015, брзо по завршувањето на постдипломските студии, кога видела објава за членови на персоналот на Документација на AO3 – совршена позиција за некој кој сака сѐ што има врска со зборови.

Подоцна се приклучила на Комисиите за Трансформативни дела и култури и Фанлор, а сега посветува и значителен дел од своето време на оваа неверојатна заедница на фанови. Кога не волонтира за OTW, се крие во различни делови од фандомот на Marvel и го одложува пишувањето на својот најнов фик.

Алекс Тишер (Alex Tischer) работи во ургентна ветерина, моментално во Велика Британија. Дел од фандомите е уште од пред почетокот на новиот милениум и има пројдено низ повеќе фандоми отколку што може да се наведат. Член е на OTW (Преведување) од нејзиното основање и волонтира исто толку долго. Освен во медиумски фандоми, некако успева да се најде и во необичниот и прекрасен свет на спортот – составен од специјализирани групи што изненадувачки наликуваат на фандоми. Кога не се грижи за болни миленичиња, Алекс се занимава со трим трчање, спортско качување и планинско трчање речиси исто толку често колку што консумира медиуми.

Џес Вајт (Jess White) е страсен консуматор на сѐ што ги претставува фандомите откако ги пронашла Кирк/Спок фанзините на нејзината тетка во раните ‘90-ти. Оттаму преминала во запишување на сопствени фанфикции во тетратки со светкави пенкала, а потоа и пишување на веб-форуми и индивидуални фандом форуми, LiveJournal и конечно AO3. Џес волонтира со OTW веќе 6 години, претежно со Комисијата за правила и злоупотреба. Кратко работела и со Корисничка поддршка (околу 2 години), а моментално волонтира и со Фанлор како член на персоналот на Правила и Администрација. Надвор од фандомите, Џес е наставник веќе 15 години.

Кирстен Врајт (Kirsten Wright) – секретар е член на тимот за комуникации на OTW. Кирстен првпат се приклучила во 2014 по препорака на поранешна професорка. Моментално е модератор на Facebook страницата на OTW и на нејзините профили на LiveJournal и Dreamwidth. Претходно ги модерирала Twitter профилот на OTW и профилите на Фанлор на Twitter и Tumblr. Кирстен првпат се сретнала со организираните фандоми во раните тинејџерски години и никогаш не се одвоила од нив. Во различни етапи на нејзиниот живот, фандомите ѝ биле учител и пријател, и благодарение на нив таа ја открила својата кареира во политичките кампањи во САД. Позната е по тоа што често ги менува фандомите, но најмногу има напишано за The Social Network. Нејзиниот омилен тип на фик е slice of life. Сигурно има отворено повеќе фикови со преку 200.000 зборови после полноќ во текот на работната недела.

Членови без водечка функција

Јученг Лоу (Yuechiang Luo) – благајник

Емеритус директори.

Прочитајте за нашите актуелни комисии.