Проект за зачувување на фан-култури

Дали имате фанзини, фановски флаери, хартиени сувенири или програми од конвенции кои не можете да ги чувате, но не сакате да ги фрлите? OTW (Организација за трансформативни дела) може да Ви помогне!

Преглед

Fan Culture Preservation Project (Проект за зачувување на фан-култури) е партнерство помеѓу OTW и одделот за Специјални колекции при библиотеката на Универзитетот во Ајова посветено на зачувување на фановски артефакти како летерзини, фанзини и други недигитални фан-дела и сувенири.

OTW им има помогнато на многу фанови да воспостават именувани колекции во Ајова (погледнете ја страницата на библиотеката за Колекции поврзани со фандом); фановите кои не сакаат да бидат именувани можат да донираат на општата колекција на OTW (Колекција на фанзини и фанфикција на OTW).

Контактирајте ја Комисијата за Отворени врати за повеќе информации околу донирањето на фанзини или други артефакти на фан-културата на Проектот за зачувување на фан-култури. (Други проекти на OTW како Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива), Фанлор и проектот Open Doors (Отворени врати) можат да Ви помогнат да зачувате дигитални фан-дела или артефакти.)

Зошто е значајно да се зачува фан-културата?

Како што забележува Грег Прикман (Greg Prickman), помошник раководител на Специјални колекции при Универзитетот во Ајова, „фан-културата ѝ претходи и ја предвидува нашата модерна интернет култура на ремикси и мешавини“. Одделот за Специјални колекции е особено заинтересиран за зачувувањето на фанзини и фан-култури: Ајова веќе е дом на огромна (250.000) колекција на фанзини за научна фантастика и фантазија и зини на аматерски здруженија за печат, како и колекција на фанзини за Riot Grrrl и андерграунд музика.

Заштитувањето и зачувувањето на „трансформативните фан-дела и иновативните заедници од кои доаѓаат“ е во срцето на мисијата на OTW. Летерзините и фанзините се опипливи артефакти (и доказ за постоењето) на долготрајната природа на нашите фан-заедници, голем дел од кои историски се андерграунд. Кога нашите дела се губат, а луѓето стануваат неактивни или починуваат, таа историја исчезнува.

OTW исто така верува во „овозможувањето на пристап до фановски активности за сите оние кои сакаат да учествуваат“. Со склучувањето на партнерство со Универзитетот во Ајова, голема истражувачка библиотека, помагаме во собирањето на овие артефакти на фан-културата на централно, пристапно и непрофитно место. Ајова не само што има услови да испраќа фотокопии, туку истражуваме и можности за дигитализација за фановите и научниците кои не можат физички да бидат таму сепак да имаат пристап до материјалите.

Колекции

Првата значајна донација во која што посредуваше OTW е Архивата на фанзини (Fanzine Archives), колекција од преку 3,000 класични фанзини, претходно сместени во Санта Барбара, Калифорнија во САД–преку 62 кутии! OTW помогна на архиварот на заминување во пензија, Минг Ватне (Ming Wathne), да ја зачува и заштити овaа вредна колекција. Специјални колекции моментално ги сортира и пакува фанзините на Минг. Откако тоа ќе се заврши, насловите од колекцијата Архива на фанзини ќе се појавуваат при пребарувањето на веб-страницата на Специјални колекции. Моментално им помагаме и на други долгогодишни фанови да ги донираат своите колекции на библиотеката.

Можете да ја видите листата на колекции која постојано расте подолу, или посетете ја страницата на библиотеката на Универзитетот во Ајова Колекции поврзани со фандом.

  • Колекција Архива на фанзини на Мариелен (Минг) Ватне (Mariellen (Ming) Wathne Fanzine Archive Collection) (2009)
    Колекцијата Архива на фанзини содржи илјадници фанзини фокусирани на Војна на ѕвездите (Star Wars) кои оригинално ги собра Lucasfilm Ltd., продуцент на серијата Star Wars. Во 1990-те понуди да им ја врати колекцијата на фановите и фан од Калифорнија под името Мариелен Ватне (Mariellen Wathne) ја прифати и започна библиотека за да ги врати во оптек фанзините помеѓу фановите. Освен фанзини за Star Wars, има и голем број на фанзини поврзани со Ѕвездени патеки (Star Trek), меѓу кои и некои од најзначајните рани материјали. (Во Ајова постои фонд во сеќавање на Минг Ватне за да се поддржи оваа колекција. Погледнете ја оваа објава за повеќе детали.)
  • Колекција на Селест Хоталинг-Лионс (Celeste Hotaling-Lyons Collection) (2009)
    Колекција од стотици фанзини од доцните 1970-ти до раните 1990-ти, со фандоми како Седуммината на Блејк (Blake’s 7), Шерлок Холмс (Sherlock Holmes), Доктор Ху (Dr. Who), Војна на ѕвездите (Star Wars), Ѕвездени патеки (Star Trek), Макс Хедрум (Max Headroom) и Засекогаш Најт (Forever Knight).
  • Колекција на Сузан Хил (The Susan Hill Collection) (2009)
    Колекцијата на Сузан Хил (Susan Hill) опфаќа низа од британски фанзини и летерзини за Седуммината на Блејк (Blake’s 7), како и неколку од други фандоми и некои мултимедијални зини од 1990-те. Колекцијата исто така содржи програми и други материјали од конвенции од MediaWest and InConJunction, како и копија од Пијачката игра за професионалци (The Professional’s Drinking Game.)
  • Колекција на фан-материјали за Highlander на Watchers of CIS (The Watchers of CIS Collection of Highlander Fan Materials) (2009)
    Оваа колекција за Хајлендер (Highlander: The Series) содржи мастери за печатење и копии од Наградата (The Prize), билтен произведен од фан-групата Гледачи на СиАјЕс (Watchers of CIS) . Има и рекламни материјали, каталози на поврзани производи, извадоци од вести и други фан-артефакти поврзани со Хајлендер (Highlander) .
  • Колекција на Брајан Кнап (The Brian Knapp Collection) (2009)
    Ова е голема колекција на класични фанзини од 1970-те и раните 1980. Соджи наслови како Зелената Купола (The Green Dome) [Затвореникот (The Prisoner)] , Локус (Locus), Менажерија (Menagerie) , Споканалија (Spockanalia), Крилја на иднината (Future Wings) , Божицата Ухура (The Goddess Uhura) и Собрани томови на Крејт 1-6 (Kraith Collected Volumes 1 – 6). Други значајни предмети вклучуваат “Отпеј трековска песна (Забавна збирка од 20 трекерски ‘филк’ песни) [“Sing A Song of Trekkin (A Fun-Filled Folio of 20 Trekker ‘Filk’ Songs)] ” и неколку годишни изданија од J.D.I.F.C. [Интернационален фан-клуб на Џејмс Духан, (James Doohan International Fan Club)] , како и сувенир-програми од I-Con, Arisia, MiniTrekCon, Creation Con ’79 и New York Star Trek ’76.
  • Колекција на Деби Хувер (The Debbie Hoover Collection) (2009)
    23 големи кутии со зини–речеси 1500– почнувајќи од доцните ’70-ти/ раните ’80-ти до денес. Ѕвездени патеки (Star Trek), Војна на ѕвездите (Star Wars), различни полицајски серии, Старгејт (Stargate), Досиеја икс (X-files) и Робин Худ (Robin Hood).
  • Колекција на Морган Дон (The Morgan Dawn Collection) (2010; во обработка)
    *Револвирачка библиотека и колекција на фанзини за Професионалците (The Professionals Circuit Library and Fanzine Collection), колекција на фанфикција за Професионалците (The Professionals) што се дистрибуираше преку приватни мрежи во 1980-те и 1990-те.
    *Колекцијата на Морган Дон на фанзини и фан-видеа (The Morgan Dawn Fanzine and Fanvid Collection); вклучува и фанфикција и видеа.
  • Колекција на Сузан М. Гарет (The Susan M. Garrett Collection) (2010; во обработка)
    Каталогот следи!
  • Донации на опшата колекција на OTW
    * УМФ: ‘Зинот за креативниот Дуранец (UMF: The ‘Zine for the Creative Duranie) беше фанзин посветен на фанфикција за Дуран Дуран (Duran Duran). Имаше десет изданија, од 1993 – 1998. Моментално ги имаме изданијата 3, 5 и 6.
    * Колекција од пред сѐ фанзини за Кунг-фу: Легендата продолжува (Kung Fu: The Legend Continues) и Квантен скок (Quantum Leap) како и разни зини за Макгајвер (MacGyver), Патрола на стаорци (Rat Patrol) и различни ТВ вестерни.
    * Колекција на мултифандом фанзини (пр. Знаци за бура (Storm Signs), Ранети херои (Wounded Heroes)), зини за Квантен скок (Quantum Leap) (вклучувајќи разни изданија на Ангелот и сонувачот (The Angel and the Dreamer), Квантна нестабилност (Quantum Instability) и др.), Сентинел (Sentinel) и Јужна насока (Due South).
    * Колекција на зини во голем број фандоми, вклучувајќи ги: Алијас Смит и Џоунс (Alias Smith & Jones), Седуммината на Блејк (Blake’s 7), Патување до дното на морето (Voyage to the Bottom of the Sea), Хајлендер (Highlander), Сентинел (Sentinel), и мултимедија.
    * Колекција на фанзини во повеќе фандоми, вклучувајчи ги Вистинските истерувачи на духови (The Real Ghostbusters) и Човекот од UNCLE (The Man From UNCLE), како и неколку мултимедиски антологии.
    * Колекција на летерзини и зини со фикција Симон и Симон (Simon and Simon) во различни фандоми; овие зини оригинално доаѓаат од колекцијата на Алисон Вилсон (Alison Wilson), која беше активна во повеќе фандоми до нејзината смрт во доцните 1990-ти. Како посветен фан и писател на фанфикција, цитирана е во Текстуални крадци (Textual Poachers) од Хенри Џенкинс (Henry Jenkins).
    * Колекција на фанзини за Досеја икс (X-Files), Бафи (Buffy), Ѕвездени патеки: Длабока вселена 9 (DS9), and Седумминатана Блејк (Blake’s 7) донирани од Јоана Лоуенстајн (Joanna Lowenstein) во сеќавање на Бет Кидровиц (Beth Kiedrowicz) фан и редовен учесник на WisCon. Овие фанзини оригинално доаѓаат од колекцијата на Бет.

Прочитајте повеќе

Објавување на Проектот за зачувување на фан-култури, 17 јуни 2009.
Библиотеката на Универзитетот во Ајова стекнува илјадници фанзини за фанфикција, 5 јули 2009, Associated Press.
Библиотеката на Универзитетот во Ајова стекнува фанзини за ‘Star Trek,’ ‘Star Wars’, Iowa City Press Citizen, 2 јули 2009.

ЧПП за зачувување на фан-културата

  • Кого треба да го контактирам ако имам материјали за донирање?
    Контактирајте со Отворени врати за помош при донирањето на овој проект.
  • Имам кутии [или полици/соби/куќи] полни со фанзини! Не можам да си дозволам да ги испратам до Ајова! Не можам ни да ги однесам до пошта!
    Можеме да Ви помогнеме! Проектот за зачувување на фан-култури може да организира не само поштарина, туку и подигнување на донации. Не дозволувајте трошоците или количината да Ве спречат да донирате.
  • Дали архивите ќе бидат достапни во дигитален формат?
    OTW и Универзитетот во Ајова ќе истражуваат можности да дигитализираат дел од овие материјали, за фановите кои сакаат да ги видат да имат пристап, дури и ако не можат да стигат до Ајова. Се надеваме дека ќе стапиме во контакт со голем дел од авторите на овие дела за да добиеме дозвола да ги споделиме нивните дела пошироко онлајн.
  • Што е со приватноста на фановите? Голем број на фанови објавуваа дела под нивното легално име.
    Почитувањето на правата и приватноста на фановите е главен приоритет и за Универзитетот во Ајова и за OTW. Обично, јавните списоци ќе ги содржат само името на фанзинот и фандомот (пр.: “Blake’s Seven: The Other Side 1, 3 [1986-1987]”), исто како што списанијата се наведуваат во каталозите на библиотеките. Сепак, се надеваме да добиеме дозвола од поединечните автори и уредници да ги споделиме нивните дела пошироко онлајн.
  • Можам ли да ги позајмам овие материјали преку програми за позајмување меѓу библиотеки?
    Предметите во колекцијата ќе останат на Универзитетот во Ајова. Сепак, Специјални колекции може да фотокопира и испрати до 100 фотокопии на научници или други заинтересирани странки по цена од околу 0.25 USD по страна, според нивната стандардна процедура. Фановите надвор од САД ја плаќаат истата цена по страна, но може да треба да платат дополнителна поштарина.
  • Дали Проектот за зачувување на фан-култури има критериуми за донации врз основа на јазикот или земјата на потекло?
    Не: и Проектот за зачувување на фан-култури и Универзитетот во Ајова се заинтересирани за собирањето на метеријали од фанови од ширум светот, вклучувајќи и матријали кои не се на англиски или не доаѓаат од англиското говорно подрачје. Сепак, како и кај донациите од САД, нашата можност да помогнеме со праќањето ќе зависи од достапните средства.
  • Дали можам да ја оставам мојата фановска колекција на овој проект во мојот тестамент?
    Да. Можеме да Ви помогнеме со соодветната формулација.