Комисијата за комуникации секој месец издава објава која промовира настани наведени во Календарот на настани на OTW (Организација за трансформативни дела).
Прифаќаме придонеси кон календарот на секој јазик ако опфаќаат:
1) настани поврзани со фановски активности кои се отворени за јавноста и кои можат да бидат онлајн или во живо.
2) академски настани како конференции, публикации и повици за трудови кои се дел од фан-студиите.
3) настани поврзани со технологии со отворен код.
Месечните објави претставуваат преглед за настаните од тој месец, како и повици за учество во истражувања кои ги исполнуваат следните критериуми:
Постои ли согласност од институционалниот ревизиски одбор или етички одбор?
Знаеме дека постојат независни истражувачи кои не можат да добијат одобрување затоа што немаат афилијација со некоја институција. Во таквите случаи може да се поднесе замена во форма на биографија која содржи претходни трудови и квалификации и линк до претходни трудови што се достапни онлајн и до кои има отворен пристап.
Постои ли линк со формулар за согласност на учесниците кој може да го објавиме?
Нема да вклучиме истражувања кои не одредуваат возрасни граници за учесниците и кои не наведуваат како ќе се користат податоците, кои се процедурите (ако не се работи за онлајн анкета), кој ќе има пристап до податоците и како ќе се зачува приватноста на учесниците.
Постојат ли целосни контакт-информации за истражувачите (и нивната комисија или ментори ако ги има)?
Овие информации треба да ја содржат нивната институција, ако постои таква, како и адреса на е-пошта и физичка адреса на која се достапни.
Дали информациите ќе бидат споделени со заедницата по завршувањето?
Ова можете да го направите со тоа што ќе ја контактирате Комисијата за комуникации со линк до резултатите.
Во молиме контактирајте ги Комуникации за да поднесете што било од горе наведеното.